Михаил Спондил — високопозициониран византиски трговец кој станал владетел на Антиохија, а подоцна и катепан на Италија.

Животопис

уреди

Како дворски евнух и миленик на Константин VIII (1025–28), Спондил бил еден од дворските службеници кои се стекнале со повисоки титули за време на владеењето на Константин VIII.[1] Во 1027 година, емирот на Алеп, Салих ибн Мирдас, пљачкосувал на византиска територија. Спондил, иако неискусен во војување, излегол да се соочи со напаѓачот, но бил поразен и морал да се врати во безбедните ѕидини на Антиохија.[2] Кусо потоа (во 1027/28) тој бил насамарен од арапскиот племенски водач Наср ибн Мушараф ел-Равадифи, кој бил заробен од заменикот на Михаил, Пот Аргир. Наср го убедил Михаил да го ослободи и да му дозволи да изгради тврдина кај ел-Маника од каде ќе ги бранел византиските интереси. Михаил се согласил и дури испратил силен гарнизон од 1.000 луѓе, но кога тврдината била завршена, Наср одбил да ја предаде и со помош на емирот на Триполи и месниот фатамидски војсководец, го убиле целиот гарнизон.[3][4]

Во јули 1029 година, Михаил се одлучил да го нападне Алеп, иако немал дозвола од царот Роман III (1028–34) и занемарувајќи ги молбите на мирдасидските браќа Шибл ел-Давла Наср и Муиз ел-Давла Тимал да се одржи мирот. При овој обид, тој бил начекан во заседабо Кајбар и неговиот камп бил пљачкосан од арапите, по што тој се повлекол и склучил примирје со Мирдасидите.[5] По овие неуспеси, тој бил разрешен од страна на Роман III, кој бил решен да го води походот во Сирија лично, праќајќи го неговиот зет Константин Каратен како претходница за да го замени Михаил Спондил.[6] И во овој случај, сепак, походот на самиот цар при битката во Азаз ќе заврши со катастрофален пораз.[7][8]

Михаил повторно се споменува во 1038 година, кога му се придружил на Ѓорѓи Манијак во неговиот поход на Сицилија.[9] Тој најверојатно го заменил Константин Оп како катепан пред Никифор Докијан да ја преземе таа функција во 1039 година.

Наводи

уреди
  1. John Skylitzes, Synopsis of Histories, 370.37–371.1
  2. John Skylitzes, Synopsis of Histories, 378.51–379.57
  3. John Skylitzes, Synopsis of Histories, 379.59–69
  4. Yahya of Antioch, 502
  5. Yahya of Antioch, 492
  6. John Skylitzes, Synopsis of Histories, 377.14–18, 379.75–77
  7. John Skylitzes, Synopsis of Histories, 279.81–381.18
  8. Yahya of Antioch, 492-500
  9. Lupus Protospatharius, 58.6-7

Извори

уреди
  • G.H. Pertz, Lupus protospatharius, Monumenta Germaniae historica, Scriptores V, Hannover 1844, 52-63
  • I. Thurn, Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum, Corpus fontium historiae Byzantinae 5, Berlin & New York, 1973.
  • I. Kratchkovsky, F. Micheau, G. Troupeau, Histoire de Yahya ibn Sa’id d’Antioche, Patrologia Orientalis 47.4 (no.212), Turnhout 1997
Претходник
Константин Оп
Катепан на Италија
1038–1039
Наследник
Никифор Докијан
Претходник
Константин Даласен
дукс на Антиохија
1026–1029/30
Наследник
Константин Карантен