Михаил Поројлијата

Михаил Симов, познат како Поројлијата, бил македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Михаил Поројлијата
Роден 1869
Горно Порој, Серско, Егејска Македонија
Починал 1901
Беласица

ЖивотописУреди

Махаил Поројлијата е роден во селото Горно Порој, денес Ано Пороја, Грција. Влегува во ВМОРО и станува терорист на организацијата. Од 1899 година е илегален четник, а од 1900 година станува самостоен војвода. Станал непослушен кон раководителите на Организацијата, заедно со Алексо Поројлијата извршиле серија на самоволни убиства. Алексо Поројлијата имал манија да убива Турци, а Махаил Поројлијата имал манија да убива Власи [1]. Убиствата ги раздвижиле турските власти и имало серија на апсења, поради кои можело да дојде до провала. Организацијатаги ги осудила на смрт Алексо Поројлијата и Михаил. Алексо Поројлијата се засолнил кај војводата Михаил Чеков. Пресудата врз Махаил Поројлијата е извршена во летото 1901 година од Иван Анастасов Грчето и уште еден четник.

ИзвориУреди

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003