Михаилова црква (Печерски реон - Киев)

Михаиловата црква (украински: Михайлівська церква) црква која се наоѓа во Киев, Украина. Црквата се наоѓа под надлежност на Украинската православна црква - Московска патријаршија и се наоѓа во Александровата болница.

Михаилова црква
Михайлівська церква
Карта
50°26′22″N 30°31′35.4″E / 50.43944° СГШ; 30.526500° ИГД / 50.43944; 30.526500
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедУПЦ-МП
Историја
Основана1893 и 2000
Посветена наМихаил Киевски
Архитектура
Архитект(и)Владимир Николаев
Урната1930

Црквата била изградена во 1893 година и посветена на Свети Михаил, првиот митрополит на Киев. За главен архитект на проектот бил избран Владимир Николаев. Осветувањето на храмот се случило на 18 јуни 1895 година.

По доаѓањето на советската власт, црквата била целосно ограбена, а во 1930 разрушена до темел.

По падот на комунизмот, црквата била повторно изградена и осветена во 2002 година. Денеска црквата претставува типична православна црква, која во текот на денот остварува литургија идве молитви.