Убавата Јелена (книга)

Убавата Јелена (српски: Лепа Јелена) - збирка раскази на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ, првобитно објавена во 1969 година.

Содржина

уреди

Збирката ги содржи следниве раскази:[1]

  • Надвор од прашината се коњите и тоа е веројатно летото
  • Петтиот војник
  • Убавата Јелена
  • Пијаната Јелена
  • Објаснување
  • Честитата Јелена
  • Службата на отецот Радослав

За делото

уреди

Првобитно, книгата била објавена во август 1969, како дел од библиотеката на „Видици“. Во мај 1970 година, книгата била наградена со наградата „Исидора Секулиќ“. Подоцна, во 1980 година, таа била повторно објавена во библиотеката „Атлас“ на Српската книжевна задруга, заедно со романот „Чешка школа“.[2] Авторот им ја посветил книгата на: Бојана Соколовиќ, Драгољуб Гајиќ, Петар Релиќ, Софија Стакиќ, М. Т. Тантал, на школските другари: Рајко Секулиќ, Амалија, А. Штефатиќ, М. Косановиќ и Слободанка Илиќ, на пријателите, познаниците и читателите, како и на споменот на неговиот татко.[3]

Наводи

уреди
  1. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 5-90.
  2. „Пишчеве напомене“, во: Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 283.
  3. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 9.