Мирко Миронски
Мирко Миронски (роден на 30 август 1930 година во Тресонче - починал на 16 август 2007 година во Тресонче) — македонски новинар, публицист и општественик.[1]
Мирко Миронски | ||
Роден | 30 август 1930 Тресонче, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 16 август 2007 Тресонче, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | новинар |
Животопис
уредиМиронски е носител на наградата за животно дело „Крсте Мисирков“ и на многу други признанија[2]. Првите чекори во новинарството ги направил во весниците „Гимназијалец“, „Единство“ и „Студентскиот збор“, каде што бил главен и одговорен уредник. Работел во „Вечерен репортер“, а бил и уредник на неделникот „Журнал“. Дванаесет години бил главен и одговорен уредник во весникот „Вечер“, во времето кога овој весник ги забележал најуспешните години.
Миронски ја извршувал функцијата министер за информации во југословенската влада на Анте Марковиќ (од 1986 до 1990 година)[3]. Зад себе оставил богата преведувачка дејност. Автор е на делата „Новинарско истражување“, „Дичо Зограф“, „Како станав новинар“ и др.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Миронски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 960. Text "series " ignored (help)
- ↑ Почина бардот на македонскиот журнализам, Мирко Миронски[мртва врска]
- ↑ Почина новинарот Мирко Миронски[мртва врска]