Милчо Богоев
Милчо Ксентев Богоев (Скопје, 4 октомври 1948) — македонски интернист, ендокринолог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Клиниката за еднокринологија во Скопје.[1]
Милчо Богоев | ||
Роден | 4 октомври 1948 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | универзитетски професор, ендокринолог |
Животопис
уредиБогоев е роден во Скопје на 4 октомври 1948 година. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Бил директор на Клиниката за ендокринологија[2], шеф на Катедрата по интерна медицина и декан на Медицинскиот факултет во Скопје од 1977 до 1979 година.[3] Членува во редакцискиот одбор на „Клиничка ендокринологија“ во Софија и член е на редакцискиот одбор на „Македонски медицински преглед“ во Скопје. Од 2002 до 2004 бил претседател на Македонското Национално Здружение за Остеопороза[4].
Библиографија
уредиАвтор на 13 книги од областа на ендокринологијата и носител на 6 меѓународни студии.
Наводи
уреди- ↑ д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 101-104
- ↑ „Именувани в.д. директорите на Клиничкиот центар“. А1. 23 декември 2002. Посетено на 2009-11-23.
- ↑ „Список на декани на медицинскиот факултет“. Медицински факултет - Скопје. Архивирано од изворникот на 2009-10-08. Посетено на 2009-11-23.
- ↑ „Македонско Национално Здружение за Остеопороза - поранешни претседатели“. Македонско Национално Здружение за Остеопороза. Посетено на 2009-11-23.