Милош Јојиќ (Стара Пазова, 19 март 1992) е српски фудбалер. Игра на позиција во средниот ред, а моментално настапува за составот на Партизан.

Милош Јојиќ во составот на Борусија Дортмунд во 2014 година

Клупска кариера уреди

Првите фудбалски чекори ги направил во екипата на Јединство од Стара Пазова, каде што бил забележан неговиот талент, па на 11 години преминал во белградски Партизан. Тој потпишал професионален договор со екипата на Партизан на 24 јануари 2012 година, заедно со соиграчот Милош Остојиќ.[1] Милош останал како позајмен играч во клубот на Телеоптик до крајот на сезоната 2011/12.

На својот прв натпревар за црно-белите, на 15 септември 2012 година, тој постигнал гол против екипата на Хајдук од Кула.[2] Во 144 вечно дерби, одиграно на 18 мај 2013 година, Милош постигнал гол од слободен удар во 90та минута за победа од 1:0.[3] Во изборот на Здружението на суперлигаши, Јојиќ бил прогласен за најдобар играч на есенскиот дел од српското првенство во сезоната 2013/14. Жирито кое ја донело оваа одлука го сочинувале шефовите на стручниот штаб на сите 16 екипи кои настапуваат во Суперлигата.[4]

Во јануари 2014 година, тој потпишал четиригодишен договор со составот на Борусија од Дортмунд.[5] Својот прв натпревар во Бундеслигата за составот на Борусија го одиграл на 15 февруари на натпреварот против екипата на Ајнтрахт Франкфурт, кога влегол од клупата во 68 минута. Само 17 секунди по влегувањето во игра постигнал гол, со што станал дебитант кој го постигнал најбрзиот гол во историјата на Бундеслигата, а се нашол на 3 место на листата на резервни играчи кои постигнале најбрз гол по влегувањето во игра од клупата.[6]

Во јули 2015 година, Јојиќ потпишал за составот на Келн. Фудбалерот на Келн бил цели три сезони, но ги напуштил популарните „кози“ по испаѓањето во Втората лига. Јојиќ за Келн одиграл 59 натпревари во Бундес лигата и постигнал вкупно осум гола.

Во јули 2018 година тој преминал во турската Суперлига во составот на Истанбул Башакшехир.[7] Во сезоната 2018/19, Јојиќ одиграл 14 натпревари во дресот на турскиот клуб во сите натпреварувања и постигнал еден гол и една асистенција. Во првиот дел од сезоната 2019/20 го загубил местото во тимот, немал настапи, па во јануари 2020 година бил позајмен во австрискиот бундеслигаш Волфсбергер и тоа до крајот на сезоната.[8] Милош се вратил во Истанбул по истекот на позајмицата, но не настапил за турскиот клуб на почетокот на 2020/21 година.

На почетокот на месец октомври 2020 година го раскинал договорот со екипата на Истанбул Башакшехир за да се врати во клубот на Партизан, со кој потпишал двегодишен договор.[9]

Репрезентација уреди

Милош настапувал за младинската репрезентација на Србија до 19 години како и за младинската репрезентација до 21 година.

Својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Србија го имал со постигнат гол на 11 октомври 2013 година на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Јапонија (2:0) во Нови Сад.[10]

Голови за репрезентацијата уреди

# Дата Место Противник Голови Резултат Натпревар
1. 11 октомври 2013 година Стадион Караѓорѓе, Нови Сад Јапонија
2:0
2:0
Пријателски

Наводи уреди

  1. „Ostojić i Jojić profesionalci“. partizan.rs. 24. 1. 2012. Архивирано од изворникот на 16. 04. 2013. Посетено на 28. 5. 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date=, |archive-date= (help)
  2. „Prvak ubedljiv, Šćepović branio“. b92.net. 15. 9. 2012. Посетено на 15. 9. 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „JSL: Jojić u 90. minutu stavio šampanjac da se hladi! (FOTO+VIDEO)“. sportal.rs. 18. 5. 2013. Архивирано од изворникот на 11. 09. 2013. Посетено на 18. 5. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date=, |archive-date= (help)
  4. „Јојић и Живковић најбољи у јесењем делу првенства“. Спортски журнал. 10. 12. 2013. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 10. 12. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Јојић потписао за Борусију Дортмунд“. Б92.нет. 31. 1. 2014. Посетено на 1. 2. 2014.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  6. „Рекордер Јојић - Најбржи гол дебитанта у БЛ!“. sportske.net. 15. 2. 2014. Архивирано од изворникот на 22. 02. 2014. Посетено на 15. 2. 2014.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date=, |archive-date= (help)
  7. „Милош Јојић у Башакшехиру!“. mondo.rs. 10. 7. 2018. Архивирано од изворникот на 2019-08-29. Посетено на 3. 8. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  8. „Zvanično: Jojić među Vukovima“. mozzartsport.com. 29. 1. 2020. Посетено на 30. 1. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. „ZVANIČNO: I Jojić je crno-beli“. mozzartsport.com. 4. 10. 2020. Посетено на 4. 10. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  10. „Jojić Miloš“. reprezentacija.rs. Посетено на 30. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски уреди