Миле Михајлов
Миле Михајлов (роден на 1 октомври 1936 година во Лазарополе, Мавровско) — македонски научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја.[1]
Миле Михајлов | ||
Роден | 1 октомври 1936 Лазарополе, Мавровско, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | историчар |
Животопис
уредиМихајлов дипломирал на Филозофскиот факултет (група историја) во Скопје (1962) и докторирал со темата „Военозаднинските органи во текот на Народноослободителната војна во Македонија 1941 – 1945 година“ (1988). Неговата потесна специјалност е истражувањето на Македонија во времето на Втората светска војна – НОАВМ, првин во Одделението за мемоари и Рефератот за биографии (1967–1980), а потоа во Одделението за периодот на НОБ и Револуцијата и социјалистичката изградба (1981).
Библиографија
уреди- Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија (1941–1945), Скопје, 1992;
- „Народен глас“ (1941–1943), Скопје, 1990, (со коредактори);
- Првата Влада на Македонија. Документи, Ⅱ, 1, Скопје, 1995, 1-25 (со коредактори).
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Михајлов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 971. Text "series " ignored (help)