Миленикот на учителката (филм од 1958)

Миленикот на учителката (англиски: Teacher's Pet) - американски филм од 1958 година, во режија на Џорџ Ситон (George Seaton), според сценариото на Феј (Fay Kanin) и Мајкл Канин (Michael Kanin). Главните улоги ги толкуваат: Кларк Гејбл (Clark Gable), Дорис Деј (Doris Day), Гиг Јанг (Gig Young), Мами ван Дорен (Mamie van Doren), Ник Адамс (Nick Adams), Питер Болдвин (Peter Baldwin), Марион Рос (Marion Ross) и Чарлс Лејн (Charles Lane). Филмот имал две номинации за наградата „Оскар“.[1]

Синопсис

уреди

Џејмс Генон (го игра Гејбл) е студен и антипатичен уредник на градскиот весник, кој смета дека единствениот начин да се научи тој занает е работата на теренот и воопшто не му е грижа за новинарските курсеви и за формалното образование. Кога неговиот шеф ќе му нареди да ѝ помогне на професорката во школото за новинари, Ерика Стоун (ја игра Деј), тој ја прифаќа задачата, но без волја. На почетокот, тој се претставува како нејзин ученик и не го открива својот идентитет...[2]

Наводи

уреди