Миладин од Кина (роман)

Миладин од Кинароман на македонскиот писател Божин Павловски од 1967 година. Истата година, романот ја добил југословенската награда „Младост“.

Миладин од Кина

Содржиина

уреди

„Миладин од Кина“ е вториот роман на Павловски во кој тој ја разработува темата на миграцијата од селото во градот. Во романот се проследува судбината на девојката Розија, која решава да се пресели во градот во потрага по подобар живот. Во таа желба не ја спречува ни нејзината верност кон религијата, ни љубовта кон попот Василие. Меѓутоа, таа не успева да се снајде во градот и доживува слом. Емотивно растргната меѓу попот Василие, меѓу нејзиниот другар од детството Столе (кој е нејзин љубовник и божемен заштитник) и меѓу нејзиниот шеф и уценувач Бундале, Розија запаѓа во психички проблеми и завршува во душевна болница. Столе, Бундале и попот Василие прават напори да ја спасат, но не успеваат. Вториот важен лик во романот е Столе, кој воедно го води раскажувањето во романот. Тој упорно се бори со животот во градската средина, но постојано е поткопуван од несреќите во неговото семејство, што се растура во селото. Како последица на тоа, тој влегува во повеќе излишни врски, растурајќи ја својата енергија. Миладин, пак, е ликот кој по долги години поминати на печалба, а воден од носталгијата, се враќа во родното село, кажувајќи дека доаѓа од Кина. Тој умира сам во селото, додека неговиот син Бундале ги изведува своите љубовни авантури во градот.[1]

За романот

уреди

Иако граден без строго назначено дејство и панорамски нанижан со опсервации од поширока животна средина, романот дејствува како осмислено, талентирано водено, вешто компонирано и кохерентно дело. Навистина, квалитетот на романот би можеле да бидат подобрени преку намалување на одредени фрагменти и поголема грижа на авторот за прочистување на стилот, но сепак тој останува забележан како сложен и сериозен зафат во македонската проза, посветен на проблемите на современиот живот.[2]

Наводи

уреди
  1. Петар Т. Бошковски, „Миладин од Кина“, во: Божин Павловски, Дува (петто издание). Скопје: Мисла, 1981.
  2. Петар Т. Бошковски, „Миладин од Кина“, во: Божин Павловски, Дува (петто издание). Скопје: Мисла, 1981.