Мико Јанушев - Шајто

Мико В. Јанушев - Шајто ( 1912 во Куманово20 септември 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Завршил основно училиште, но поради тешките материјални услови на семејството бил принуден да го прекине натамошното образование и да се зафати за разни физички работи. Бил приврзаник на напредното работничко движење и останал доследен на тоа во текот на целиот живот. По окупацијата дошол во судир со окупаторските власти, поради што бил затворен во 1944 година. Истата година од затворот успеал да избега и стапил во Третата македонска ударна бригада. Со бригадата учествувал во сите борби против окупаторот. На 20 септември 1944 година бил учесник во една жестока борба против Германците и балистите и храбро загинал во непосредна близина на реката Треска.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 199. На |first= му недостасува |last= (help)