Меѓу поројните дождови (филм од 1914)

Меѓу поројните дождови (англиски: Between Showers) - американски филм од 1914 година, во режија на Хенри Лерман (Henry Lehrman). Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин, Форд Стерлинг (Ford Sterling) и Честер Конклин (Chester Conklin).[1]

Содржина

уреди

Додека еден полицаец (го игра Конклин) флертува со девојката, еден крадец (го глуми Стерлинг) незабележливо му го краде чадорот. Кога пристигнува на улицата којашто е поплавена од поројниот дожд, крадецот здогледува една дама која не знае како да ја премине улицата. Крадецот ѝ го дава чадорот, а тој заминува да земе штица по која дамата би ја преминала улицата. Во меѓувреме, дамата ја здогледува и еден скитник (го игра Чаплин), кој исто така оди по штица, сакајќи да ѝ помогне на дамата. Меѓутоа, кога се враќаат на местото, дамата ја нема, зашто таа веќе ја преминала улицата со помош на друг полицаец.

Подоцна, крадецот ја здогледува дамата во паркот и ѝ се додоворува, но кога таа го одбива, тој си го бара чадорот назад. Дамата не сака да му го даде и меѓу нив започнува кавга, која набрзо се претвора во тепачка. По некое време, во паркот доаѓа и скитникот, кој започнува тепачка со крадецот, сакајќи да ја спаси дамата. Најпосле, тој е совладан и скитникот ѝ се додоворува на дамата, а кога таа го одбива, тој ѝ го зема чадорот. Во меѓувреме, крадецот го повикува полицаецот, но тој си го препознава својот чадор и крадецот е упасен.[1]

Наводи

уреди