Меѓународна година на хемијата
Меѓународната година на хемијата (IYC 2011) бил едногодишен комеморативен настан за достигнувањата на хемијата и нејзините придонеси за човештвото.[1] Признанието за хемијата било официјализирано од Обединетите нации во декември 2008 година. Настаните за оваа година биле координирани од IUPAC, Меѓународен сојуз за чиста и применета хемија, и од УНЕСКО, образовна, научна и културна организација на Обединетите нации.[2][3]
Заднина
уредиРезолуцијата на ООН со која се повикува на Меѓународна година на хемија во 2011 година била поднесена од Етиопија и спонзорирана од 23 нации. Предлогот бил дека хемијата дава витален придонес кон постигнување на целите на Декадата на ООН за образованието за одржлив развој, од 2005-2014 година.
Тема
уредиТематиката на IYC2011 била „Хемија – нашиот живот, нашата иднина“. Се фокусирала на „достигнувањата на хемијата и нејзините придонеси за благосостојбата на човештвото“.[1] Имала за цел да ја подигне свеста за хемијата кај пошироката јавност и да ги привлече младите во оваа област, како и да ја нагласи улогата на хемијата во решавањето на глобалните проблеми.[4]
Настани
уредиНастаните поврзани со IYC 2011 биле организирани од националните хемиски друштва, како што се Американското хемиско друштво, Кралското друштво за хемија, Бразилското хемиско друштво, Друштвото за хемиска индустрија и Кралскиот австралиски хемиски институт и регионалните хемиски федерации, како што е Европското Здружение за хемиски и молекуларни науки и Федерацијата на африкански здруженија за хемија.[5][6][7][8]
МСЧПХ избрале 25 жени за Наградата за истакнати жени во хемијата/хемиското инженерство.[9] Меѓу нив билче Ада Јонат од Израел, Чулабхорн Валајлак од Тајланд, Лесли Јелоулис од Велика Британија и Џоана С. Фаулер од САД.
IYC има целосен список на настаните на своето мрежно место.[10] Предвидените настани биле фактурирани како конференции, конгреси, симпозиуми, саеми, изложби, велики отворања, предавања, состаноци, отворени дискусии, работилници, прослави и квизови.
Завршниот настан на IYC се одржал во Брисел, Белгија на 1 декември 2011 година.[10]
Неколку значајни настани
уреди- Погледнете ја мрежната страница на IYC за целосниот список.
Франција
уредиОфицијалната церемонија на лансирање на IYC 2011 се одржала на 27-28 јануари во Париз во седиштето на Образовната научна и културна организација на Обединетите нации. Во неа учествуваале над 1,000 делегати од 60 земји. Присуствувале четворица добитници на Нобелова награда. Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова се обратила.[11]
Швајцарија
уредиНа февруари 2011 година, Швајцарската пошта издала поштенска марка на која е прикажан модел на молекула на витамин Ц за одбележување на Меѓународната година на хемијата. Швајцарскиот хемичар Тадеус Рајхштајн го синтетизирал витаминот за прв пат во 1933 година.[12]
Обединето Кралство
уредиКралското друштво за хемија ја прославило IYC 2011 со преглед на најзначајните достигнувања на хемијата од милениумот.[13]
Австралија
уредиМеѓународна конференција се одржала како официјален настан на IYC на островот Лорд Хоу, на списокот на светско наследство на УНЕСКО, помеѓу 14 и 18 август под насловот „Кон глобалната вештачка фотосинтеза: Енергија, нанохемија и управување“.[14]
Канада
уредиКанада имала многу демонстрации за годината на хемијата. Учествувале 32 универзитети низ цела Канада.[15] Универзитетот Далхози организирал „хемиско рандеву“ за 7 мај. Ова вклучувало обиколка на лабораторијата за хемија, храна и демонстрации.[16]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 About IYC: Introduction. Архивирано на 8 октомври 2011 г. July 9, 2009. Retrieved on July 22, 2009.
- ↑ United Nations Observances. Retrieved on July 27, 2009.
- ↑ United Nations Resolution 63/209: International Year of Chemistry.[мртва врска] February 3, 2009. Retrieved on July 22, 2009.
- ↑ “UNESCO Named Lead Agency for International Year of Chemistry in 2011.” Архивирано на 30 мај 2009 г. UNESCO News Service press release. December 30, 2008. Retrieved on July 20, 2009.
- ↑ About IYC: Background. Архивирано на 23 септември 2015 г. Retrieved on July 22, 2009.
- ↑ “2011 Will Be International Year of Chemistry.” Chemical and Engineering News.
- ↑ “2011 To Be International Year of Chemistry.” Chemistry World. February 2009. Retrieved on July 21, 2009.
- ↑ “The United Nations Organization Has Proclaimed 2011 the International Year of Chemistry.” Journal of the Brazilian Chemical Society, vol. 20 no. 3, São Paulo 2009. Retrieved on July 23, 2009.
- ↑ www.chemistryviews.org Distinguished Women Chemistry/Chemical Engineering Award
- ↑ 10,0 10,1 „Events What is happening and when“. IYC 2011 Official website. 2011. Архивирано од изворникот на 2011-02-13. Посетено на 2011-02-23.
- ↑ „The Year Begins! Echoes from Paris“. IYC 2011 Official website. Feb 11, 2011. Архивирано од изворникот на September 23, 2015. Посетено на 2011-02-23.
- ↑ Stephens, Thomas (Feb 17, 2011). „Let the chemical games begin!“. Swiss Info. Swiss Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот на 2011-08-31. Посетено на 2011-02-23.
- ↑ ChemComm Highlights in Chemistry - celebrating IYC 2011 by reviewing the most significant chemical advances since the millennium
- ↑ Towards Global Artificial Photosynthesis: Energy, Nanochemistry and Governance „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-03-10. Посетено на 2011-03-10. (accessed 23 March 2011)
- ↑ http://www.iyc2011.ca
- ↑ „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-13. Посетено на 2011-05-07.