Меѓународен радиоаматерски сојуз

Меѓународен радиоаматерски сојуз — меѓународна конфедерација на национални радио-аматерски организации што овозможува форум за заеднички теми од интерес и колективно ги претставува работите на Меѓународната унија за телекомуникации . По неформалната средба во 1924 година со претставници од Франција, Велика Британија, Белгија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Луксембург, Канада и САД, беше формулиран план да се одржи Меѓународен аматерски конгрес во Париз, Франција во април 1925 година. Овој Конгрес се одржа со цел да се основа меѓународна радио-аматерска организација.[1] На Конгресот присуствуваа претставници на 23 земји од Европа, Америка и Азија . Устав за IARU беше донесен на 17 април, а формирањето на Меѓународниот радиоаматерски сојуз беше ратификувана на 18 април 1925 година. Во тековната ера, ова е датумот (18 април) на кој се слави Денот на радио-аматерството.[2]

Меѓународен радиоаматерски сојуз
КратенкаIARU (International Amateur Radio Union)
Мреж. местоiaru.org

Протоколот на конгресот беше напишан на англиски, француски и есперанто јазик.[3]

Од ноември 2019 година, Меѓународиот радиоаматерски сојуз е составен од 172 национални друштва-членки.

Управа

уреди

Сојузот има избран претседател и заменик-претседател, назначен секретар и други службени лица (вклучително и регионални претставници) кои формираат Управен совет. Овие носители функција во моментов се Тимоти Елам (Канада), претседател; Оле Гарпестад (Норвешка), Потпретседател и Род Стафорд (САД), секретар.

Регионална организација

уреди
 
Земји со членки на ИАРУ.
  Регион 1 (101 членки)
  Регион 2 (42 членки)
  Регион 3 (29 членки)

Меѓународниот радиоаматерски сојуз е организиран во три региони, именувани Регион 1, Регион 2 и Регион 3. Овие региони одговараат на регулаторните региони што ги користи Меѓународната унија за телекомуникации . Секој регион има Извршен комитет, обично составен од претседател, потпретседател, секретар, благајник и неколку директори. Овие регионални офицери ги избираат претставници од здруженијата членки на тригодишни регионални конференции. Координаторите можат да бидат назначени од страна на Извршниот комитет на нивниот регион за поддршка на одредени области во регионот, или за промовирање на одредени радиоamaterski активности во регионот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Clinton B. DeSoto (1936). 200 meters & Down — The Story of Amateur Radio. W. Hartford, CT: The American Radio Relay League. стр. 106–109. ISBN 0-87259-001-1.
  2. „Amateur Radio Day“. webhamradio. Архивирано од изворникот на 2020-08-08. Посетено на 2020-02-08.
  3. editeur Etienne Chiron 40 rue de Seine Paris 1925