Меѓумозок
Меѓумозок (diencephalon) — дел од предниот мозок (prosencephalon), кој се наоѓа помеѓу големиот мозок (telencephalon) и средниот мозок (mesencephalon). Се состои од структури кои се на двете страни од третата мозочна комора: таламусот, хипоталамусот, епиталамусот и субталамусот.[1][2]
Меѓумозок | |
---|---|
Податоци | |
Претходник | Преден мозок, изведен од нервна цевка |
Дел од | Човечки мозок |
Составници | Таламус, хипоталамус, епиталамус и субталамус |
Назнаки | |
Латински | diencephalon |
TA | A14.1.03.007 A14.1.08.001 |
TH | H3.11.03.5.00001 |
FMA | FMA:62001 |
Меѓумозокот е еден од главните делови на мозокот кои се формираат за време на ембриогенезата. Во текот на третата недела од ембрионалниот развој, од ектодермот се формира нервна цевка, на која почнуваат да се диференцираат три главни дела: предниот мозок (prosencephalon), средниот мозок (mesencephalon) и ромбестиот мозок (rhombencephalon).[3][4] Предниот мозок потоа постепено се диференцира на голем мозок (telencephalon) и меѓумозок.
Структура
уредиМеѓумозокот се состои од следните структури:
- Таламус
- Хипоталамусот, вклучувајќи ја неврохипофизата
- Епиталамус, кој се состои од:
- Предни и задни паравентрикуларни јадра
- Медијални и латерални хабенуларни јадра
- Stria medullaris thalami
- Задна комисура
- Епифиза
- Субталамус
Прилози
уредиОптичкиот нерв (CNII) се прикачува за меѓумозокот. Тој е сетилен (аферентен) нерв, кој е одговорен за видот; почнува од окото, поминува низ оптичкиот канал во черепот и се прикачува за меѓумозокот. Самата ретина е изведена од оптичката чашка (лат. cupula optica), која е дел од ембрионалниот меѓумозок.
Функција
уредиМеѓумозокот е регионот од ембрионалната нервна цевка на `рбетниците од кого настануваат структури како што се таламусот, хипоталамусот, предниот дел на хипофизата и епифизата. Меѓумозокот исто така затвора празнина која се нарекува трета мозочна комора. Таламусот е релејен центар за сетилни и моторни импулси помеѓу `рбетниот и продолжениот мозок, и големиот мозок.[5][6] Тој препознава сетилни импулси за топлина, студ, болка, притисок и др. Подот на третата мозочна комора е наречен хипоталамус. Тој поседува контролни центри за контрола на движењата на очите и слушните одговори.
Слики
уреди-
Дијаграм на кој се прикажани главните делови од ембрионалниот мозок на `рбетниците.
-
Реконструкција на периферните нерви на човечкиот ембрион. Меѓумозокот е означен како Diencephalon.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Puelles, Luis; Martinez-de-la-Torre, Margaret; Ferran, Jose-Luis; Watson, Charles (2012-01-01). Watson, Charles; Paxinos, George; Puelles, Luis (уред.). The Mouse Nervous System. San Diego: Academic Press. стр. 313–336. ISBN 9780123694973.
- ↑ Michael-Titus, Adina; Revest, Patricia; Shortland, Peter (2010-01-01). Michael-Titus, Adina; Revest, Patricia; Shortland, Peter (уред.). The Nervous System (Second Edition). Churchill Livingstone. стр. 1–30. ISBN 9780702033735.
- ↑ „Neural - Diencephalon Development - Embryology“. embryology.med.unsw.edu.au. Посетено на 2019-06-16.
- ↑ „Chapter 153. The Diencephalon (second Vesicle) - Review of Medical Embryology Book - LifeMap Discovery“. discovery.lifemapsc.com. Архивирано од изворникот на 2019-06-16. Посетено на 2019-06-16.
- ↑ Martinez, Salvador; Martinez-Ferre, Almudena (2012). „Molecular Regionalization of the Diencephalon“. Frontiers in Neuroscience (англиски). 6. doi:10.3389/fnins.2012.00073. ISSN 1662-453X.
- ↑ „The Diencephalon | Boundless Anatomy and Physiology“. courses.lumenlearning.com. Посетено на 2019-06-16.
Надворешни врски
уреди- Меѓумозок на Ризницата ?
- Слики на меѓумозок - страница на BrainMaps (англиски)