Мечтаење (Реноар)
Мечтаење (француски: La Reverie) или Портрет на Жан Самари ― слика со масло на платно од Пјер Огист Реноар, од 1877 година. Чувана е во Пушкинскиот музеј, во Москва. Ја прикажува Жан Самари, млада глумица во театарот „Француска комедија“ (Comédie-Française) во Париз, која го имала своето деби како Дорин во „Тартиф“ во 1875 година и живеела на улицата „Фрошо“, недалеку од домот на Реноар. Ја насликал неколку пати, вклучително и Портрет на Жан Самари (1878, Музеј Ермитаж).[1]
Делото било изложено на Третата импресионистичка изложба во 1877 година, каде што наишла на главно негативен прием. Подоцна била дел од збирката на Иван Морозов, која била запленета од руските советски власти по Октомвриската револуција. Сликата била прикажана на советска поштенска марка во 1970 година.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ E. Romano, ed. Renoir. Los Grandes Genios del Arte, volume 10, Madrid, Unidad Editorial. p. 192 (Spanish)
- ↑ (на руски) „Catalogue entry“.