Кубен метар
единица за зафатнина
(Пренасочено од Метар кубен)
Кубен метар или кубик[1] (симбол: м3 или m3) — изведена SI-единица за волумен (зафатнина). Тоа е еднакво на волуменот на коцка со страна долга еден метар. Поранешни мерки за оваа количина се стерот и килолитарот.
Кубен метар | |
---|---|
Кубик бетон (светското годишно производство по глава на жител). | |
Информации за мерката | |
Мерен систем | SI |
Единица за | зафанина |
Ознака | м3 или m3 |
Претворање
уреди1 кубен метар е исто што и:
- 1.000 литри (точно);[2][3]
- ~35,3 кубни стапки (прибл.)
- 1 cu ft = 0,028 316 846 592 м3
- ~1,31 кубни јарди (прибл.)
- 1 cu yd = 0,764 554 857 984 м3
- ~6,29 нафтени барели (прибл.)
- 1 oil bbl = 0,158 987 294 928 м3
Кубен метар чиста вода при температура на максимална густина (3,98 °C) и стандарден атмосферски притисок (101,325 кПа) има маса од 1.000 кг, или еден тон. При 0 °C (кога водата е замрзната) кубниот метар има малку помала маса (999,972 кг)
Содржатели и поситни единици
уредиСодржатели
уреди- Кубен декаметар
- волуменот на коцка со страна од еден декаметар (10 м)
- еднакво на еден мегалитар
- 1 дам3 = 1,000 м3 = 1 Мл
- Кубен хектометар
- волуменот на коцка со страна од еден хектометар (100 м)
- еднакво на еден гигалитар
- 1 хм3 = 1.000.000 м3 = 1 Гл
- Кубен километар
- волуменот на коцка со страна од еден километар (1.000 м)
- еднакво на еден тералитар
- 1 км3 = 1.000.000.000 м3 = 1 Тл
Поситни единици
уреди- Кубен дециметар
- волуменот на коцка со страна од еден дециметар (0,1 м)
- еднакво на еден литар
- 1 дм3 = 0,001 м3 = 1 л
- Кубен сантиметар
- волуменот на коцка со страна од еден сантиметар (0,01 м)
- еднакво на еден милилитар
- 1 см3 = 0,000001 м3 = 10-6 м3 = 1 мл
- Кубен милиметар
- волуменот на коцка со страна од еден милиметар (0,001 м)
- еднакво на еден микрилитар
- 1 мм3 = 0,000000001 м3 = 10-9 м3 = 1 µл
Наводи
уреди- ↑ „кубик“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Од 1901 до 1964 литарот се дефинирал како 1 кг чиста вода на температура од 4°C и притисок од 760 милиметри на живиниот столб. Според оваа дефиниција, литарот изнесувал 1,000028 дм3. Во 1964 литарот е вратена неговата првична дефиниција.
- ↑ http://www.bipm.org/en/si/si_brochure/chapter4/table6.html