Милиметар на живиниот столб
Милиметар на живиниот столб (mmHg, ммжс) е единица за притисок со сооднос од 760 на 1 стандардна атмосфера, приближно еднаква на еден милиметар на жива во столбот на барометар.
Единицата е наречена и „тор“ (Torr) во чест на италијанскиот физичар Еванџелиста Торичели (1608-1647) кој ја открил законитоста на притисокот во тенок сад и го изумил барометарот (1644).[1]
Разлика во метрологијата
уредиИмињата милиметар на живиниот столб и тор се сметаат за синонимни во сите полиња освен во метрологијата, која прави разлика помеѓу нивните вредности. Оваа разлика е помала од една седуммилионтина (0,000015%), што е многу мал износ, па затоа се смета за занемралива во сите полиња вон метрологијата.
Еден милиметар жива по дефиниција изнесува 133,322387415 Pa (13,5951 г/см3 × 9,80665 м/с2 × 1 мм ), земајќи ги предвид густината на живата и забрзувањето на Земјината тежа.
Торот се дефинира како 1⁄760 од една атмосфера, додека пак атмосферата се дефинира како 101,325 kPa. Затоа, 1 тор е еднаков на 1⁄101325 Pa. Децималниот облик на дропката (133,322368421...) е бесконечно долг (во периода).
Разликата помеѓу милиметарот на живиниот столб и торот е дадена со следниов однос:
- 1 Torr = 0,999999857533699... mmHg
- 1 mmHg = 1,000000142466321... Torr
Споредба
уредипаскал | бар | техничка атмосфера | стандардна атмосфера |
Милиметар на живиниот столб (тор) |
фунта на квадратен инч | |
---|---|---|---|---|---|---|
Pa | bar | at | atm | torr | psi | |
1 Pa | ≡ 1 N/m2 | 10−5 | 1,0197×10−5 | 9,8692×10−6 | 7,5006×10−3 | 145,04×10−6 |
1 bar | 105 | ≡ 106 dyn/cm2 | 1,0197 | 0,98692 | 750,06 | 14,5037744 |
1 at | 0,980665 ×105 | 0,980665 | ≡ 1 kp/cm2 | 0,96784 | 735,56 | 14,223 |
1 atm | 1,01325 ×105 | 1,01325 | 1,0332 | ≡ p0 | 760 | 14,696 |
1 torr | 133,322 | 1,3332×10−3 | 1,3595×10−3 | 1,3158×10−3 | = 1 mmHg | 19,337×10−3 |
1 psi | 6,895×103 | 68,948×10−3 | 70,307×10−3 | 68,046×10−3 | 51,715 | ≡ 1 lbF/in2 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Во почетокот на 1640-тите, разни научници направи со вода слични на барометарот (погл. Историја на барометарот (англиски)).
Надворешни врски
уреди- Единици за притисок Архивирано на 29 септември 2007 г. - NPL (англиски)