Мери Хигинс Кларк
Мери Тереса Елеонор Хигинс Кларк, (англиски: Mary Theresa Eleanor Higgins Clark, 24 декември 1927 – 31 јануари, 2020),[1] позната професионално само како Мери Хигинс Кларк — американска писателка на психолошки трилери. Секоја од нејзините 51 роман биле најпродавани во САД и меѓу светската читателска публика. Нејзиниот роман „Каде се децата?“ (Where Are the Children?) достигнало седумдесет и петто издание.
Мери Хигинс Кларк | |
---|---|
Хигинс Кларк во Музејот Маза во 2012 | |
Роден/а | Мери Тереса Елеонор Хигинс 24 декември 1927 Бронкс, Њујорк, САД |
Починат/а | јануари 31, 2020 Нејплс, Флорида, САД | (возр. 92)
Псевдоним | Мери Хигинс Кларк |
Занимање | писател |
Апсолвент на | Универзитет Фордхем |
Период | 1975–2020 |
Жанр | трилер, мистерија, психолошки трилер |
Сопруг/а | Варен Кларк (в. 1949; died 1964) Рејмонд Плоиц (в. 1978; annulled 1986) Џон Џ. Конини (в. 1996; died 2018) |
Деца | 5, вклучително и Карол Хигинс Кларк |
мрежно место | |
maryhigginsclark.com |
Хигинс Кларк започнала со пишување од рана возраст. Неколку години работела како секретарка и лектор, а потоа поминала една година како стјуардеса. По една година ја оставила работата, се омажила и основала семејство. Личниот приход во тој период бил воглавно од пишување кратки раскази. Откако починал нејзиниот сопруг во 1964 година, Хигинс Кларк долги години работела како сценарист на радио емисии сè до моментот кога нејзиниот агент ја убедил да почне да пишува романи. Нејзините романи, трилери, се продале во над 100 милиони примероци во САД.[2]
Наводи
уреди- ↑ Great Women Mystery Writers, 2nd Ed. by Elizabeth Blakesley Lindsay, page 40, 2007, Greenwood Press; ISBN 0-313-33428-5
- ↑ „Mary Higgins Clark“. Simon & Schuster. Архивирано од изворникот на December 18, 2007. Посетено на 2007-02-12.
Надворешни врски
уреди- Службено мрежно место Архивирано на 11 февруари 2020 г.
- Мери Хигинс Кларк на „Фантастик Фикшн“
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |