Мелодичен дет-метал
Мелодичен дет-метал | |
---|---|
Стилско потекло: | Дет-метал, НББХМ, треш-метал, блек-метал, пауер-метал |
Културно потекло: | Раните и средината на 90-тите во Скандинавија (главно во Гетеборг, Шведска) |
Типични инструменти: | Електрична гитара, бас-гитара, тапани, клавијатура, акустична гитара, вокали |
Мејнстрим популарност: | Андерграунд во средината на 90-тите Зголемена популарност во 2000-те |
Изведени форми: | Мелодичен металкор |
Регионални сцени | |
Шведска - Финска - САД - Обединето Кралство - Јапонија - Бразил | |
Други теми | |
Дет метал глас – Чисти вокали – Групи |
Мелодичен дет-метал (познат и како мелодет) — екстремен поджанр на хеви-метал музиката кој е комбиниран од елементи од новиот бран на британски хеви метал со елементи на дет-метал. Видот се развил во Шведска во раните и средината на 90-тите години (предводен од бендовите At the Gates, Dissection, Dark Tranquillity и In Flames).
Музички одлики
уредиМелодичниот дет-метал користи компоненти од новиот бран на британски хеви метал, поточно брзите рифови и хармоничните солажи, но исто така и ја спојува агресивноста на дет-металот со мелодии и хармонии. Кај овој жанр некои елемети се искористени од други жанрови како што се блек-метал и треш метал.[1] Во овој жанр може понекогаш да се најде и чисто пеење, како и акустични гитари. Вокалниот стил на жанрот е комбинација од врискања, чисти вокали, и дет-метал ‘ржења.[2]
Потекло
уредиПотеклото и популарноста на мелодичниот дет-метал може да се поврзе со бендовите At the Gates, In Flames, и Dark Tranquillity со нивните рани музички изданија во раните 90-ти кои го дефинираат жанрот и го вметнуваат основањето за метал сцената во Гетеборг.
Уште еден клучен бенд во развојот на мелодичниот дет-метал бил британскиот бенд Carcass, кој започнаl свирејќи грајндкор, но потоа преминал во стилот на дет-метал музиката и помогнал да се развие жанрот на мелодичен дет-метал со нивниот албум Heartwork, издаден во 1993.[3]
Наводи
уреди- ↑ Purcell, N. Death Metal music: the passion and politics of a subculture, at 9, McFarland, 2003 (retrieved 3 јуни 2011)
- ↑ Marsicano, Dan. „What is Melodic Death Metal“. About.com. Архивирано од изворникот на 2022-03-22. Посетено на 2011-02-26.
- ↑ Bowar, Chad. „Carcass“. About.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2011-02-27.