Мелетиј I Цариградски
Мелетиј I Цариградски — александриски патријарх меѓу 1590 и 1601 година. Во периодот од 1597 до 1598 година тој бил месточувар на Вселенскиот патријарх. Тој се чествува како светец во источната православна црква.[1]
Мелетиј I Цариградски | |
---|---|
Александриски патријарх | |
Црква | Александриска патријаршија |
Ракоположен | август 1590 |
Службата завршила | 12 септември 1601 |
Претходник | Силвестер |
Наследник | Кирил III |
Други служби | месточувар (1597–1598) на Вселенскиот патријарх |
Лични податоци | |
Роден | 1549 Кандија, Крит |
Починал | 12 септември 1601 Александрија |
Светост | |
Почитуван од | православие |
Живот
уредиМелетиј е роден во Кандија (Ираклион) на островот Крит, во тој период главен град на венецијанското Кралство Кандија во 1549 година,[2] каде тој изучувал класична филологија, филозоија и медицина во Падова. Тој бил избран за протосинкел на Александрискиот патријарх Силвестер, по чија смрт тој бил негов наследник на 5 август 1590 година.[3]
Иако бил поддржувач на доктрината на пресуштествување, тој бил голем противник на Католичката црква, и се обидувал да ја обедини Грчката црква со Коптската црква. Во 1593 година тој учествуал на синодот во Цариград кој го потврдил основањето на Московската патријаршија.[1]
Без да се повлече од позицијата на Александриски патријарх, тој бил местодржец во Цариградската патријаршија во периодот од декември 1596 година до февруари 1597 година, и од март 1597 до април 1598 година, кога поднел оставка за да продолжи да се грижи за неговото Египетско намесништво.[2]
Починал во Александрија на 12 септември 1601 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Meletios Pigas (1590–1601)“. Official web site of the Greek Orthodox Patriarchate of Alexandria and All Africa. Посетено на 7 Sep 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38,46. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ „Μελέτιος Α´ ὁ Πηγᾶς“. Ecumenical Patriarchate. Посетено на 7 Sep 2011.(грчки)
Претходник Теофан I |
Цариградски патријарх 1597-1598 |
Наследник Матеј II |