Мезечка тврдина

тврдина кај с. Мезек во Хасковско, Бугарија

Мезечка тврдина (Неузетикон или Неутзикон[1]) – средновековна византиска тврдина изградена во 11-12 век западно од денешното село Мезек, општина Свиленград. Сместена е на издолжена тераса, формирана во подножјето на стрмно разделување на североисточните Родопи, кое се вика Св. Марина или Гора. Месното население тврдината ја нарекува „Кале“. Тврдината имала функции на гранично старо утврдување. Ги штитела териториите помеѓу реките Марица и Арда.

Мезечка тврдина
Мезешка крепост
Мезек, Свиленград
Бугарија

Поглед на тврдината од југ
Тип тврдина
Изграден 11 век
Градежни
материјали
кршен камен и малтер
Тековна
состојба
делумно реновиран
Тековен
сопственик
државна
Отворен за
јавноста
музеј, отворен за посетители, споменик на културата со национално значење
Поглед на тврдината од западната страна

Местоположба

уреди

Тврдината се наоѓа до селото Мезек на надморска височина од околу 210 метра. До неа се пристига по пат од западната страна на селото кој води до врвот Шејновец. Тврдината е на околу километар северно од грчката граница, за што зборува и воениот објект на местото на најисточната кула, изграден во времето на Студената војна.

Тврдината припаѓа на природен резерватприродниот резерват „Калето“ за заштита на карпести формации,[2] објавена за заштитено подрачје со број № 273 во регистарот на заштитени територии во Бугарија.[3]

 
Дел од обновените ѕидишта на тврдината

Проучување

уреди

Константин Јиречек ги идентификувал урнатините крај с. Мезек со познатата од писмените извори тврдина Неутзикон (гр. Νεούτζικον), која се наоѓала на границата меѓу Пловдивскатата и Одринската средновековна област.[4] Населбата била спомната од Никита Хонијат за настани од 1193 година.

Првите археолошки истражувања на тврдината се извршени во 1930-тите години од арх. д-р Александар Рашенов[5]. Тие се состојат од документација на системот за утврдување и мали проучувања на внатрешноста. Конзервационо-реконструкционите работи на ѕидовите се вршеле во 1963 и 1973 година. Во текот на 1983 година се спроведени поопстојни археолошки ископувања. Притоа бил прецизирана планот на тврдината, системот на одбрана и било разјаснето времето на настанување. Во време на ископувањата не се откриени не биле откриени средновековни материјали порани од 11 век. Најголемо количество било од 13-14 век. Согласно овие податоци настанувањето на тврдината би требало да датира од крајот на 11 и почетокот на 12 век, веројатно за време на владеењето на Алексиj I Комнин. Тврдината се користела до паѓањето на областа под османлиска власт. Во неа биле откриени голем број фрагменти од керамички садови, камени мелници и други предмети за домаќинствата. Биле откриени и два склада со јагленисано жито во нив.[4]

Опис

уреди

Мезечката тврдина е неголема, оградена површина од околу 7 декара со облик на неправилен четириаголник со димензии 110/60 m[6]. Ѕидовите се изградени од кршен камен, споени со бел малтер, украсени со три појаси од тули на надворешната страна. Ѕидините завршувале со назабена ограда, која била зачувана до 1900 година. Тогаш таа и дел од тврдината биле разрушени со цел камењата да се искористат за градба на турски касарни во Свиленград. Најмногу настрадале северните ѕидини. Тие се зачувани до теренот од внатрешната страна. Јужната, западната и источната страна биле зачувани до височина на платформата. Ѕидините се со дебелина од 1,90 до 2,50 m. Влезот е на западниот ѕид, на неговиот северен крај. Заштитен е од една кула.

Одбраната на тврдината е засилена со девет кули со заоблена форма, кои се издаваат повеќе од половина вон дебелината на ѕидот и височина над 10 м. Пет од кулите се поставени на јужната страна, од кои две се аголни, а три се фронтални. Две од кулите се на западната страна – во средината и на главниот влез и по една има на северната и источната ѕидина.

Историја

уреди

Името Неутзикон (гр. Νεούτζικον) го споменува Никита Хонијат како место, каде Исак II Ангел успева да го скрши бунтот на својот братучед Константин Ангел Дука во 1193 година. Младиот Константин бил назначен за управител на Филипопол околу 1192 година и постигнал големи успеси во војната против востанатите Бугари предводени од Асен и Петар. Во 1193 година, се прогласил за император, нашол приврзаници во византиската армија и се упатил кон Адријанопол, каде бил неговиот зет Василиј Ватаци. Уште пред Адријанопол приврзаниците на Константин го предале и го заробиле во местото наречено Неутзикон кое се наоѓало на границата меѓу Филипополската и Адријанополсакта епархија.[7] Според К. Иречек това място е крепостта при с. Мезек.[4]

Опазване и консервация

уреди

Мезечката тврдина била прогласена за Народна старина во 1927 година.[8] Во 1968 година била прогласена за архитектурно-градежен споменик од антиката и средновековието.[9] Сега урнатините имаат статут на археолошки споменик на културата од национално значење, согласно важечкиот Закон за културното наследство.

Конзерваторски и реставраторски работи на ѕидините беле спроведени од страна на РИМ-Хасково во 1963 и 1973 година. .[4] Била извршена реконструкција на фасадниот ѕид на западната страна, што е многу очигледно затоа бил користен различен по боја камен и малтер, како и различна техника на ѕидање.

Во 2007 година била преземена делумна конзервација во некои невралгични точки како што околу портата и некои врати кон кулите. Овие мерки биле финансирани програма од програмата за Прекугранична соработка меѓу Бугарија (Општина Свиленград) и Грција (Општина Димотика) по проектот „Развој на културното наследство на Општина Свиленград преку обновување на Мезечката тврдина“.[10] Научен раководител на градежните работи бил Ирко Петров од РИМ-Хасково, со консултант д-р Атанасиос Гуридис, археолог во музејот во Софлу (Суфлион), Грција. Во рамките на истиот проект бил изготвен архитектонски проект за понатамошна сеопфатна конзервација и делумна реставрација, изготвен од архитект Петар Петров од Пловдив.

Во периодот 2012-2013 била завршена работата за целосна конзервација и ограничена реставрација на тврдината согласно архитектонскиот проект од 2007 година. Биле зајакнати и обновени скалите, фасадната ѕидарија и мал дел од платформата со оградата. Обновена била куполата на големата кула, носечката одбранбена платформа, а влезот на кулата бил обновен согласно археолошките истражувања со отстранување на неправилните градежни зафати на влезот од 1963 и 1973 година. Обновени биле повеќето бункери по кулите и ѕидините. Мерките биле организирани од општината Свиленград со финансирање по Оперативната програма „Регионален развој“ на ЕУ.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Голяма енциклопедия България“, БАН, том 7 (КРУ-МОМ), ИК „Труд“, София 2012, ISBN 978-954-8104-29-6, стр. 2770 – 2772.
  2. Заповед № 1187 от 19 април 1976 г., бр. 44/1976 на Държавен вестник
  3. „КАЛЕТО (Код в регистъра: 273)“.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Аладжов, Димчо (2001). Прочути, забравени, неизвестни крепости от Хасковския край. Хасково.
  5. „Исторически музей Свиленград, Средновековна крепост с. Мезек“. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2019-04-20.
  6. „Средновековна крепост край село Мезек“. Архивирано од изворникот на 2019-04-20. Посетено на 2019-04-20.
  7. Никита Хониат, „История“, 26 – в ГИБИ, София 1983, том ХI, 26., стр. 44
  8. ДВ, бр. 221/1927 г.
  9. ДВ, бр. 67/1968 г.
  10. Георгиева, Ефтика. "Реставрират крепостта „Мезек“ край Свиленград Архивирано на 28 декември 2013 г.", Строителство Градът, бр. 43 от 12 ноември 2007 г.

Надворешни врски

уреди