Црноглав галеб

вид птица
(Пренасочено од Медитерански галеб)
Црноглав галеб
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Галеби
Род: Галеби-рибари
Вид: Црноглав галеб
Научен назив
Ichthyaetus melanocephalus
(Temminck, 1820, брег на Јадранот)
Распространетост на црноглавиот галеб
  размножувалишта
  живеалишта
  презимувалишта
Синоними

Larus melanocephalus

Ichthyaetus melanocephalus

Црноглав галеб (научIchthyaetus melanocephalus) — мал галеб кој живее речиси на целиот западен палеарктик, главно на југоисток , особено околу Црното Море и средна Турција. Има колонии и на други места во јужниот дел на Европа, а претрпе драматична експанзија во последните децении. Го има и во Македонија.

Распросранетост

уреди

Порано, црноглавниот галеб бил ограничено распространет крај Црното Море и источниот дел на Средоземјето, но овој вид сега се прошири во поголемиот дел од Европа. Во Велика Британија и Ирска имаше 543 - 592 парови во 2008 година. Во Ирска размножувањето е забележано во најмалку четири окрузи. Тие се распространети, исто така, и во Белгија, Холандија, Данска, Шведска, Естонија, Швајцарија, Чешка, Унгарија и на Балканот. Зиме, овие птици се селат во Средоземјето и на брегот на Атлантскиот Океан.

Опис

уреди

Црноглавиот галеб е малку поголем и покрупен од црноглавиот галеб, со подебел и поцврст клун и подолги, потемни нозе. Во сезона на парење возрасниот црноглав галеб е бел, со мошне бледо сива наметка и крила со бели примарни пердуви, со црна „маска“ на главата која е контрастна на белите линии околу очите. Клунот е тап, темноцрвен со црна лента при врвот. Вон сезона на парење возрасните се слични, но „маската“ е помала и станува црна лента врз очите како на разбојник. На оваа птица ѝ треба две години да стигне до зрелоста. Првата година птици имаат црни опашки и повеќе црни области кај пердувите, но имаат бледи пердуви под крилјата.

Исхрана

уреди

Прехранбените навики на црноглавиот галеб се многу опортунистички: јаде риба, црви, остатоци, инсекти, внатрешни органи и мрши.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Butchart, S.; Symes, A. (2015). Larus melanocephalus. Црвен список на МСЗП. МСЗП. 2015: e.T22694443A85050054. Посетено на 28 април 2016. (англиски)
Извори
  • Larus melanocephalus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 6 May 2006. Database entry includes justification for why this species is of least concern
  • Pons J.M., Hassanin, A., and Crochet P.A.(2005). Phylogenetic relationships within the Laridae (Charadriiformes: Aves) inferred from mitochondrial markers. Molecular phylogenetics and evolution 37(3):686-699
  • Beaman, M. & Madge, S (1998) The Handbook of Bird Identification, Christopher Helm

Надворешни врски

уреди