Езерото Мверу (англиски: Lake Mweru, француски: Lac Moero) се наоѓа во сливот на реката Конго. Надморската височина изнесува 911 метри, должината 100 метри а ширината 40 километри. Површината на езерото изнесува 5,200 км2. Најголемата длабочина во езерото изнесува 15 метри.

Езеро Мверу
Јужниот крај на езерото, поглед од вселената, јуни 1993 (лажна боја)
Координати9°10′S 28°30′E / 9.167° ЈГШ; 28.500° ИГД / -9.167; 28.500
ВидRift Valley lakes
Главни приливиЛуапула
Калунгвиши
Главни истециЛувуна
Сливни земјиЗамбија
Демократска Република Конго
Најг. должина131 km км
Најг. ширина56 km км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
5,120 км2 (1,977 sq. mi.) км2
Прос. длабочина7.5 m м
Најг. длабочина27 m м
Зафатнина38.2 км3 км3
Брег436 km км
Надм. височина917 m м
ОстровиКилва
Искове
Населени местаНчеленге, Кашикиши, Чиенги, Пвето, Килва, Луконзолва
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Езерото ја исполнува издолжената тектонска вдлабочина во правец од југ кон север, помеѓу висорамнината Катанга во Демократској Репоблици Конго. Како и повеќето езера настанати со тектонски движења така и езерото Мверу се одликува со стрмни, стеновити бргови, понекогаш тешко пристапни кои се слабо дисперзирани. На езерото се наоѓаат островите Килва и Искове.

Езерото водата ја добива од притоките и падавините, а губи со одливањето и испарувањето. Има повеќе приливи, а најголем прилив е реката Луапула. Од езерото истекува реката Лувуна, изворен крак на реката Конго. Просечното годишно колебање на нивото на водата е 1,5 м, а апсолутната амплитуда достигнува 4,7 м. Во езерото живеат повеќе од 70 видови на риба. Годишниот улов изнесува околу 15,000 тони, ама се смета дека од премногуте еколошки односи уловот може да се зголеми на 30,000 тони. Со риба се снабдуваат населбите во рударско-индустриските комплекси во Замбија

Сообраќајот на езерото е од локален карактер. Главните пристаништа се во Килва и Пвето а тука се и местата Кашикиши и Нчеленге.

Откривање на езерото

уреди

Езерото го открил шкотскиот мисионер и истражувач на Африка, Дејвид Ливингстон на 8 ноември 1867 година. Експедицијата се движела од правец Њаса и Тангањика до сливот на Конго, со намера да се испита дали реката Луалаба е изворен дел на реката Конго.

Надворешни врски

уреди