Мбутска митологија

Бамбути, исто така наречени Мбути, се пигмејска група народ од шумата Итури на истокот на Конго (Киншаса). Тие се најниската група Пигмејци во Африка, со просечна висина под 137 см. и се најпознати. Покрај нивниот раст, тие исто така се разликуваат по крвна група од соседните Банту и Судани, и веројатно се најраните жители на оваа област. Археолошките докази недостасуваат, но раните египетски записи покажуваат дека Бамбути живееле во истата област и пред околу 4500 години.[1]

Пигмејци

Верувања

уреди

Во митологијата на Мбути (Бамбути) најважниот и врховен бог е Кхоновум (Хонвум). Тој е „големиот ловец“, бог на ловот и носи лак направен од две змија, кој на смртниците им се чини како виножито. Тој владее со небото. По зајдисонце секој ден, Хонвум собира парчиња од ѕвезди и ги фрла во сонцето за да го ревитализира за следниот ден. Тој повремено контактира со смртници преку Гор (бог на громовите, кој исто така е слон) или камелеон (слично на божествениот гласник што го користи Ориш-нла од јорупската митологија). Хонвум го создал човештвото од глина. Црните луѓе биле направени од црна глина, белите луѓе потекнувале од белата глина, а самите Пигмејци потекнувале од црвена глина. За нив тој исто така ја создаде џунглата со својата бујна вегетација и животински живот.[2]

Аребати

уреди

Аребати е лунарско божество и Небесен татко. Според некои извори, за него се вели дека тој го создал човештвото од глина, наместо Хонвум. Аребати, врховно суштество, го создал светот, вклучувајќи го и првиот човек и продолжува да ја создава секоја личност што е родена на овој свет.

На почетокот, смртта не им се заканувала на луѓето. Тие не умирале: кога старееле и Бог ги подмладувал. Кога ќе достигнеле напредна возраст, тој ги терал повторно да станат енергични млади мажи и жени. Еден ден, една старица умрела, а Аребати излегол да ја врати во живот. Ѝ рекол на жабата да го премести трупот на едната страна. Но, жаба го побарала телото за себе. Аребати неволно попуштил, но рекол дека жабата ќе треба да седи на работ на јамата со телото. Ќе станела голема несреќа ако краставата жаба влезе во јамата. Но, краставата жаба, не послушала и од нејзиното невнимание трупот паднал во јамата. Како што предупредил Аребати, следувала несреќа: старицата не се вратила во живот, и по неа на сите луѓе им било судено да паднат во јамата - гробот. Аребати бил толку налутен што сакал да ја уништи крастава жаба, но краставата жаба скокнала и се скрила во калта за да не може бог да ја види. И на тој начин, смртта дошла на светот.[3]

Торе: раката на бог

уреди

Торе е бог на шумите кој ловците ги снабдува со животни. Тој исто така е бог на громовите, кој се појавува како бура и се крие во виножита. Што е најважно, Торе се појавува како леопард во првичните обреди. Еден мит кажува дека првите Пигмејци го украле оган од Торе; тој ги бркал, но не можел да ги фати, а кога се вратил дома, мајка му умрела. Како казна, рекол дека луѓето ќе умираат па станал бог на смртта.

Митот за Бааци, првиот човек

Торе (Аребати, Бааци, Епилипили) бил творец, врховно суштество. Торе, со помош на Месечината, го создал Бааци, првиот човек. Телото било направено со месење, а потоа облечено со кожа; му влеал крв и човекот живеел. Неговиот творец тогаш му шепнал дека ќе живее во шумата и дека ќе има деца, дека овие деца можат да јадат од сите дрвја на шумата, освен едното дрво таху. Бааци, предупредувајќи ги своите многу деца за една забранета работа, заминал да му се придружи на небото на Торе, неговиот творец. Потоа, еден ден, една бремена жена посакала да јаде од забранетото овошје. Нејзиниот сопруг го набрал за неа, ја скрил лушпата, но Месечината, откако ја видела, му кажала на творецот што се случило, и тој толку се налутил што го проколнал човечкиот род да умре.[4]

Мбути џинови и џуџиња

уреди

Негоогуногумбар, жесток џин - често опишан како „огар“ и како џин јадач на деца. Иако постојат неколку описи за тоа како би изгледал Негогогунгубар, она што е познато е дека обично се поврзува со европската огар во начинот на кој изгледа и се однесува, сугерирајќи монструозни одлики. Овој џин, кој стои над народите Мбути, е познато дека ги јаде Мбути, особено нивните деца и ги претставува поопасните сили на шумата што може да ги одвлече и да ги проголта цели.[5]

Обригвабибива е џуџе кое може да се промени себеси во влекач. Иако малку се знае за ова суштество, некои работи можат да се извлечат од она што го знае за општеството и религијата на Мбути. Првото нешто што треба да се има предвид е дека народ познат по својот џуџест раст да нарекува друг ентитет „џуџе“ - тоа мора да биде неверојатно мало суштество. И ова суштество, исто како Торе, е поврзано со природата и е способно да се преобрази во животно. Во случај на ова џуџе, тоа животно е гуштер.[5] Гуштерите, особено камелеонот, може да ги користи богот на творецот Конвум за да комуницира со светот на смртта. Значи, овој ентитет, мал по раст и способен да се претвори во влекач, се поврзува со силите на редот во универзумот и со самиот бог творец.[5]

Мегбе

уреди

Душата кај Мбути се нарекува мегбе. Кога еден човек умира, неговиот син ја става устата над неговата за да се повлече во дел од мегбе. Другиот дел го населува тотемско животно на човекот. Ако синот не го вдишува мегбе или тотемското животно подоцна е убиено, може да избега во шумата, каде станува полувидливо суштество наречено Лоди и живее засекогаш со другите како него.[6]

Култура и верувања

уреди

Бамбути немаат началници или формални совети на старешини. тие ги решаваат своите проблеми и спорови со општа дискусија. Тие веруваат во доброто шумово божество, а важните прилики, вклучувајќи ја зрелоста на момчињата и девојчињата, бракот и смртта, се обележани со специјални песни дизајнирани „да ѝ се радуваат на шумата“. Музиката на Бамбути е сложена по ритам и хармонија, но визуелната уметност практично не постои меѓу нив. Музиката, танцот и мимиката обезбедуваат средство за зајакнување на прифатените вредности и ја формираат основата на религиозниот израз.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Bambuti | Pygmy groups“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-08-29.
  2. „Khonvoum“. Academic Dictionaries and Encyclopedias (англиски). Посетено на 2020-08-29.[мртва врска]
  3. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  4. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  5. 5,0 5,1 5,2 „Alternative Mythology - Creatures of Central Africa“. JeremyVarner.com (англиски). 2015-08-17. Посетено на 2020-08-29.
  6. "Children of the Forest: Africa’s Mbuti Pygmies", page 120, by Kevin Duffy

Надворешни врски

уреди