Мајкл Мекдоналд (костимограф)

Мајкл Мекдоналд (англиски: Michael McDonald; 15 октомври 19634 септември 2024) — американски костимограф во 2009 г. номиниран за наградите „Тони“ и „Drama Desk“, за неговата работа на Бродвејскиот мјузикл „Koса“.[1]

Мајкл Мекдоналд
Michael McDonald
Роден(а)15 октомври 1963(1963-10-15)
Алентаун, Пенсилванија, САД
Починал(а)4 септември 2024(2024-09-04) (возр. 60)
НационалностАмериканец
Образованиеколеџ „Муленберг“
Познат(а) покостимограф

Мекдоналд е роден во Алентаун, Пенсилванија, САД. Во 1981 г. ја завршил гимназијата „Вилијам Ален“.[1] Во 1984 година, тој се вклучува во Граѓанскиот театар во Алентаун.[1] На Колеџот „Муленберг“ го слуша својот прв костимографски курс и потоа работи на неколку театарски претстави во училиштето.[1] Во раните 1990 -ти, тој се сели во Њујорк,каде што работи на „The Ride Down Mt. Morgan“ (Бродвеј, 2000), „Козата“ или „Која е Силвија“? (Бродвеј, 2002) и "Изведи ме надвор" (Бродвеј, 2003).[1] Во 2009 година, неговата работа на мјузиклот „Коса“ на Бродвеј му носи номинации за наградата Тони за најдобар костимограф и за наградата "Drama Desk" за извонредна костимографија .[1]

Починал на 4 септември 2024 г. по кратко боледување, на возраст од 61 година.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Lauer-Williams, Kathy (7 јуни 2009), „Designs on a Tony: Allentown Native Michael McDonald is Nominated for Broadway's Top Honor for Costumes for 'Hair'“, The Morning Call
  2. Hall, Margaret (6 септември 2024). „Costume Designer Michael McDonald Dies at 61“. Playbill. Посетено на 6 септември 2024.