Масанобу Фукуока
Масанобу Фукуока (福岡 正信 Fukuoka Masanobu; 2 февруари 1913 — 16 август 2008) — јапонски селанец, земјоделец, филозоф и микробиолог, основач на школа за природно полјоделство.
Масанобу Фукуока | |
---|---|
Масанобу Фукуока во 2002 година | |
Роден(а) | 2 февруари 1913 Иј, Јапонија |
Починал(а) | 16 август 2008 | (возр. 95)
Националност | Јапонец |
Занимање | земјоделец, фармер, автор |
Познат(а) по | филозофија, земјоделство |
Значајни дела | Револуцијата на една сламка |
Награди | Рамон Магсејсеј |
Масанобу Фукуока бил веројатно еден од најзначајните теоретичари на полјоделство, кои се појавиле во нашето време. Неговиот пристап на полјоделството, неговата исхрана и неговата животна филозофија започнале редица на движења и отвориле еден сосема Нов Свет – светот на природното полјоделство.
Засновајќи ја својата теорија и пракса врз четири основни принципи: без обработка (орање или копање), без ѓубре или компост, без плевење и без хемикалии, и водејќи сосема нов пристап до полјоделството (на пример: сеел пред жетвата), Фукуока укажал на правецот по кој полјоделството би требало да оди, доколку сакаме оваа планета да биде дом и за потомците. Докажал дека без современите полјоделствени мерки можат да постигнат ист придонес како и со нив. Исто така, покажал со личен пример како човечката исхрана може да се подреди во природни текови.
Награди
уреди- Рамон Магсејсеј (награда) во 1988 година,[1] што се смета за „Азиска Нобелова награда“.
Дела
уреди- Природниот пат на земјоделството (The Natural Way of Farming. Translated by Frederic P. Metreaud. Tokyo and New York: Japan Publications, 1985)
- Револуцијата на една сламка (The One Straw Revolution. Translated by Chris Pearce, Tsune Kurosawa, and Larry Korn. Emmaus, Pennsylvania: Rodale Press, 1978)
- Враќање кон природата (The Road Back to Nature. Translated by Frederic Metreaud. Tokyo and New York: Japan Publications, 1987)
Наводи
уреди- ↑ „"The 1988 Ramon Magsaysay Award for Public Service“. Архивирано од изворникот на 2010-05-29. Посетено на 2017-08-31.