Масакр во Прждево
Масакр во Прждево — масовно стрелање на македонските селани од страна на германските фашисти извршено на 6 октомври 1944 година.[1]
Настан
уредиСо цел да обезбедат посигурно минување по линијата Солун-Скопје-Белград, германските единици решиле да зададат удар кон народноослободителното движење во реоните каде поминувала железничката линија. На 6 октомври 1944 година навлегле во село Прждево и ги стрелале селаните:[1]
- Вано Минов
- Галепче Стојанов
- Димо Колев
- Трајко Колев
- Ѓело Захарчев
- Милан Стојанов
- Димитар Стојанов
- Јано Петров
- Камче Димитров
- Милан Стојанов
- Јано Божев
- Лазо Ристов
- Димо Бошев
- Донка Захарчева
- Игнат Петров
- Софка Наумова
- Тодор Илиев
- Ристо Младенов
- Камче Шнајдерот
- Неде Трајков
- Тодор Лазаров
Според народната песна „Прждевчани браќа мили“, тие биле стрелани „горе кај школото, меѓу двете чешми“[1]
Песна посветена за жртвите
уредиПрждевчани браќа мили[2]
Прждевчани браќа мили,
што сте толку замислени,
замислени, јуплакани
и главите наведени?
Одговарат тоги прждевчани:
- Како да не сме јуфилени,
јуфилени, јуплакани..
Сношти вечер ми дојдоха,
ми дојдоха Германците,
Германците, фашистите,
голем зијан ни направиха.
Ѝ почонаха јони да си горат,
да си горат племњи, куќи
и да фаќат сељаните,
од сељаните најарните.
Ѝ собраха, џанам сељаните,
сељаните прждевчани,
ѝ отераја горе школото,
горе школото, меѓу двете чешми.
Ѝ построиха, џанам прждевчани,
ѝ построиха еден до друг,
со шмајзерот ѝ препукаха,
ѝ препукаха прждевчани;
Попаѓаха, џанам како снопје,
попаѓаха прждевчани...
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Манчевски Пинџур, Лазар (1988). Аспекти на македонската борбена поезија. Скопје: Култура. стр. 83–84. ISBN 398.87(497.17):940.534.97.7(049.3) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - ↑ Манчевски Пинџур, Лазар (1988). Аспекти на македонската борбена поезија. Скопје: Култура. стр. 107–108. ISBN 398.87(497.17):940.534.97.7(049.3) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).