Масакр во Загоричани (1905)

Масакрот во Загоричани во 1905 година бил извршен во селото Загоричани од страна на грчките андрати. Трагедијата селото ја доживеало на 25 март (7 април по нов стил), 1905 кога околу 200 до 300 грчки андрати го запалиле селото, а населението го масакрирале. Имено, убиле 60 селани (жени, деца, старци), имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. Масакрот го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис затоа што еден дел од населението во Загоричани ја прифатило Бугарската егзархија.

Масакр во Загоричани
Девојки во рушевините на Загоричани по андартскиот колеж во селото
МестоЗагоричани, Костурско, Османлиско Царство
(денес Грција)
Датум25 март 1905 (стар стил)
7 април 1905 (нов стил)
Мртви60
Сторителигрчките андарти

Список на убиените

уреди
 
Рушевините на селото по масакрот
број име возраст број име возраст
1 Ноле Дуков 100 31 Христо Темов 63
2 Таси Рапов 50 32 Димитар Кондев 40
3 Мите Лазов 56 33 Дине Цуцулев-Даскало 45
4 Кузо Самарџијата 48 34 Кузо Дрендов 76
5 Иван Колокотронкин 25 35 Дине Колев-Бушунанчев 25
6 Јани Канѕов 58 36 Коле Јунако 18
7 Христо Канѕов 48 37 Филе Ѓончев 50
8 Ицо Маразето 60 38 Син му Стојан 20
9 Мите Филцов 50 39 Јако Евреинот 70
10 Миште Јоткин 75 40 Пандевица Миталкова 25
11 Стојан Костандов 40 41 Трпа - жената на убиениот Васил Чичов 45
12 Кирјако Сапунаров - Палјачо 47 42 Тана - ќерка на Јане Канѕов 14
13 Петар Шпатов 20 43 Ангелина - ќерка на Кузо Самарџијата 10
14 Ноле Манчев 70 44 Елена - ќерка на Кузо Самарџијата 7
15 Гиро Василев - Моди 20 45 Марија - ќерка на Кузо Самарџијата 4
16 Мите Погончев 70 46 мајка им Султана 40
17 Петар Мацурев 55 47 Поп Стефан 60
18 Сидо Вулев 51 48 Вангел Гацов 70
19 Никола Блачев 54 49 Никола Костандов 75
20 Син му Георги 17 50 Кузо Нанов 55
21 Марко Вангеловски-Калфата 75 51 Кузман Костандов 75
22 Јане Курувешов 60 52 Мите Шклифа 65
23 Гило Курувешов 45 53 Ванук Киров 50
24 Таси Курувешов 40 54 Коле Илко Дуков 30
25 Зисо Димовичин 75 55 Васил Чичов 55
26 Син му Петре 14 56 Наум Мишков Драшката 65
27 Јане Зафираков 20 57 Андон Печитиков 50
28 Мите Констандинкин 50 58 Јанчо Туруфиев 50
29 Георги Ронза 65 59 Наки Калешин 47
30 Георги Тагаров 26 60 Коста Шефов 65

Литература

уреди