Масакр во Долгаец

Масакр кај Долгаец — колеж извршен од страна на бугарската војска и арнаутски качаци врз 315 селани од прилепското село Долгаец во 1915 година. И ден денес во трпезаријата на црквата „Св. Илија“ во Долгаец стои документ со имиња на сите селани кои биле заклани од страна на Бугарите и затрупани во јама.[1]

Масакр во Долгаец
МестоДолгаец, Кралство Србија
Датум1915
Мртви315

Историја

уреди
 
Статија во весникот Политика (од 23 јуни 1929), кој известува за поменот кој се одржал на гробовите на убиените селани.

По самиот почеток на Првата светска војна, Бугарија ја окупирала Македонија. Во 1915 година една група,од 10-тина вооружени Бугари подпомогнати од 3 Арнаути од соседното село Црнилиште влегле во селото. Селаните не ја знаеле нивната намера и прв истапил селскиот поп. Него веднаш без објаснување го заклале и потоа со невидена бруталност прво ги ограбиле селаните барајќи им злато па почнале да ги убиваат и колат сите, не гледајќи дали се жени и деца. Со овој масакр населението било преполовено. Мнозинството од жртвите биле закопани во масовна гробница на местото викано „Брест“ на влезот од селото од левата страна на патот, каде сто се наоѓале старите гробишта, кои сега се обраснати со грмушки и висока трева. На местото каде се закопани жртвите бил подигнат споменик од бел мермер со посвета „кога би биле Волци би избегале, кога би биле Турци би се сожалиле, но тоа биле проклетите Бугари", но по повторното доаѓање на Бугарите во Втората светска војна, споменикот бил срамнет со земја. Во педесеттите години на 20 век, кога Јован Трифоноски го истражувал селото, тогаш сѐ уште постоела крушата на местото каде со денови виселе обесените жени и деца. Денес остатоците од споменикот се чуваат соѕидани во некои селски градби.

Список на убиени

уреди
№ по ред Име и презиме Возраст Место на живеење
1 Свештеник Трајко Поп Мирчевиќ 70 Долгаец
2 Неда Петровиќ 45 Долгаец
3 Гајта Тодевиќ 35 Долгаец
4 Пројка Јовановиќ 23 Долгаец
5 Грозда Петровиќ 18 Долгаец
6 Ристана Петар П. Трајковиќ 12 Долгаец
7 Никола Петар П. Трајковиќ 1 Долгаец
8 Мирче Тоде П. Трајковиќ 2 Долгаец
9 Спирко Божиновиќ 80 Долгаец
10 Петкана Спирковиќ 50 Долгаец

Наводи

уреди
  1. Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). „Битољско-прилепска котлина“. Српска академија наука и уметности. стр. 378-379.