Масакр во Б’мбоки

Масакрот во Б’мбоки бил злосторнички чин во Граѓанската војна во Грција во 1949 година. Тогаш сили на грчката владина армија влегле во селото Б’мбоки, Костурско и под сомневање дека жителите соработувале со ДАГ, затвориле десет селани од кои осум жени и двајца мажи и свирепо ги убиле[1].

За време на колежот во селото Загоричани во 1905 година, жителите на Б’мбоки избегнале колеж, при што грчкиот андарт капетан Вардас (Георгиос Цондос) се заканил до нив со зборовите:

Ќе заколам сè, па дури и кучињата

Потоа изпратил заканувачко писмо до Б’мбокчани во кое се велело:

Ако не преминете во патријаршијата, и тоа бргу, ќе влезам во селото и ќе заколам се : мажи, жени, старци, деца и сите кучиња во селото.

Но поради тоа што по настанот во Загоричани, под притисок на евролските сили, османлиската војска постојано била стационирана во тој крај и поради што и самите селани се организирале, заканите не се оствариле. Барем не до 1949 година.

Наводи

уреди
  1. С. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981.