Масакрот на Хиос
Масакрот на Хиос се однесува на колењето на десетици илјади Грци на островот Хиос од страна на османлиските војници во 1822 година[1] . Повеќе од 2.000 години, островот Хиос претставувал седиште каде поминувале голем број на трговци кои патувале преку Црно, Егејско и Средоземното Море. Па, според ова, островот бил од голема значајност за Османлиското Царство.
Масакрот на Хиос | |||||
---|---|---|---|---|---|
Дел од Грчката војна за независност | |||||
|
|||||
Завојувани страни | |||||
Грчкото население на островот | Османлиско Царство | ||||
Команданти и водачи | |||||
Жртви и загуби | |||||
20.000 обесени, 50.000 заробени или малтретирани до смрт и 23.000 прогонети или побегнати |
Масакр
уредиВо март 1882 година, неколку стотици вооружени Грци од островот Самос дошле на островот Хиос. Тие започнале со уништување и рушење на џамии и напаѓање на локалното муслиманско население по кое се повлекле во една тврдина. Во меѓувреме, поголем број на жители од островот се приклучиле кон револуционерната организација.[2] Сепак мнозинство од христијанското население на островот не го поддржувале или пак не се приклучиле кон акциите на револуционерите против Османлиите.[3]
По нападите и воспоставувањето на контрола над островот од страна на Османлиите, околу 20.000 Грци од островот биле обесени,[4][5][6] малтретирани, или измачувани до смрт. Околу 50.000 Грци од островот биле заробени а други 23.000 биле протерени. Само околу 2.000 Грци успеале да преживеат. Грчкиот збор σφαγή (македонски: масакр) најчесто се користи да се опишат овие настани. Неколку Грци кои преживеале во масакрот станале робови на богатите Турци и биле принудени да го прифатат исламот. Некои пак станале турски политичари. Еден од најпознатите такви случаи е Георгиос Стравелакис кој своето име го променил во Мустафа Казнадар, како и Ибрахим Едем-паша.[7].
Наводи
уреди- ↑ Dadrian, Vahakn N. Warrant for Genocide: Key Elements of Turko-Armenian Conflict. p. 153.
- ↑ St. Clair, William (1972). That Greece Might Still Be Free, The Philhellenes in the War of Independence. London: Oxford University Press. стр. 79. ISBN 0-19-215194-0.
- ↑ Argenti, Philip P. "The Massacre of Chios" (reviewed by Paul F. Shupp). The Journal of Modern History. Vol. 5, No. 3 (Sept. 1933), p. 414.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-04-13. Посетено на 2010-05-17.
- ↑ http://www.christopherlong.co.uk/per/chiosmass2.html
- ↑ http://openlearn.open.ac.uk/mod/resource/view.php?id=170125
- ↑ Littell, Eliakim (1888). The Living age. The Living Age Co. стр. 614. OCLC 10173561.
Edhem Pasha was a Greek by birth, pure and unadulterated, having when an infant been stolen from the island of Chios at the time of the great massacre there