Масакр врз албанските бегови

Масакрот на албанските бегови се случил на 26 август 1830 година кога околу 500 албански водачи (бегови) и нивните лични чувари биле убиени од страна на отоманските сили во градот Манастир (денешна Битола, Македонија). Масакрот довел до слабеење на моќта на беговите во јужниот дел на Албанија, а исто така ја поставила основата за уништување на моќниот северен албански Скадарски пашалак[1].

Масакрот на албанските бегови
МестоБитола, денешна Македонија
Датум26 август 1830
ЦелАлбански бегови
Вид нападMass murder
Мртви500 албански бегови
Сторителиотомански сили

Заднина

уреди

Во времето на ерата на т.н. Албански пашилаци, влијанието на локалните албански бегови било намалено главно поради губењето на пашалакот Јанина. Во доцните 1820-ти години по Грчката војна за независност, беговите се обиделе да ги вратат своите привилегии. Нивните напори биле потврдени на собранието во Белград на чело со Исмаил бег во 1828 година. Османлиите се обидиле да го спречат зголемувањето на локалните бегови кои започнале да претставуваат закана за централизираната моќ на империјата во распаѓање. Беговите најмногу се спротивставувале на реформите кои биле воведени со Танзиматот бидејќи со реформите моќта на локалните муслимански аристократи започнала да се намалува.

Во јануари 1829 година, еден месец по конфенцијата во Белград, водачот на албанските бегови бил убиен во Јанина од страна на луѓето на Рашид Мехмед Паша. Убиството предизвикало хаос во јужна Албанија. Поради големите револти султанот бил принуден да го испрати Рашид Мехмед паша да ги потисне локалните албански бегови. Кога слушнале за намерата на султанот, албанските бегови се подготвиле да се спротивстават на можниот османлиски удар[2].

Масакар

уреди

Масакрот врз албанските бегови се случил во август 1830 година кога биле убиени голем дел од локалните албански бегови.

Наводи

уреди
  1. Vickers 1999, стр. 24.
  2. Tozer 2009, стр. 167–169.