Апенинска кафеава мечка

(Пренасочено од Марсиканската мечка)
Апенинска кафеава мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus arctos
Триномен назив
Ursus arctos marsicanus
Altobello, 1921

Апенинската кафеава мечка (Ursus arctos marsicanus) наречена и Марсиканска мечка, е под-вид на кафеавата мечка, кој живее само во еден регион - Националниот парк Абруѕи (Италија). Популацијата се проценува на околу 30 единки, со можност да има уште неколку (одприлика 5) во Трентино[1].

Во минатото ги населувала италијанските шуми и планини, но со зголемување на активностите на човекот, овие територии сè повеќе се стеснувале, што довело скоро до истребување на почетокот на средниот век. Денес се загрозен вид, и се заштитени во Абруѕи, но и во останатите национални паркови.

Во просек мажјаците тежат од 95 до 130 килограми и исправени на задните нозе достигнуваат висина од 1,8 - 1,9 метри. Женките се помали од мажјаците (види полов диморфизам). Најчесто се хранат со бобинки, рибизли и други диви плодови, но понекогаш и со месо од елен, срна или дива коза.

Апенинската мечка не е многу агресивно животно, и е прилично плашливо. Преку ден се крие во дувлата поради што е речиси невозможно да се забележи.

Закана за малкуте преостанати единки претставува намалувањето на териториите на кои живеат поради економскиот развој на Абруѕо (вклучувајќи го и контроверзниот предлог за ски-центар), како и ловокрадството[2] и труењето[3].

Наводи

уреди
  1. Paynton, Brian (2006). In Bear Country. Old Street Publishing, London. ISBN 978-1-905847-14-3.
  2. Hooper, John (2004-08-24). „Italy battles to save the last of its wild bears“. The Guardian. Посетено на 2007-08-16.
  3. "Marsican bear found dead in Abruzzo", Italy Magazine, 2008-05-12. Retrieved on 2007-06-20. 

Надворешни врски

уреди