Марко Петрушевски
Марко Петрушевски (1975) — македонски писател, поет и филмски режисер.
Творештво
уредиСвојата прва поетска збирка, „Еден млад збунет човек“ ја објавил во 2001 година и за неа ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за дебитантска поетска книга. Своите кратки раскази ги објавувал на порталот „Окно“. Покрај писателската дејност, тој снимил и неколку кратки филмови. Петрушевски се бави и со филмска критика, а своите филмски рецензии ги објавил во месечникот „Форум“. Најпосле, тој работел и како водител на радио-каналот 103.[1] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]
Наводи
уреди- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 363.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 227-230.