Марко Крале и Мина од Костур
Марко Крале и Мина од Костур (српски: Марко Краљевиһ и Мина од Костура) - српска епска (јуначка) песна.
Содржина
уредиКрале Марко добива три писма: првото од Истанбул во кое царот го повикува во војна против Арапите, второто од Будим во кое кралот го кани да му биде кум на свадбата и третото од Јанко Сибињанин кој го кани да им биде кум на неговите два сина. Марко ја прашува мајка си која покана да ја прифати, а таа го советува да оди во царската војска. На заминување, Марко ја предупредува мајка си да ја заклучуваат портата, плашејќи се од нападот на Мина од Костур со кого порано се скарал. Додека се одмара во еден конак, Марко сонува дека Мина му го ограбил дворецот и дека му ја грабнал невестата. Како дел од царската војска, Марко се бори три години во арапските земји при што се истакнува со своето јунаштво, а тоа предизвикува завист од турските војсководачи. Затоа, спроти Ѓурѓовден, Марко го моли царот да го пушти да го прослави празникот, барајќи придружник да му биде побратимот Алил-ага. Користејќи го неговото отсуство, Арапите ја напаѓаат турската војска нанесувајќи ѝ големи загуби, така што царот го моли Марко веднаш да се врати назад. Тогаш, Марко ја уништува арапската војска, но во борбата се здобива со големи рани. Сепак, раните му зарастуваат, но тогаш тој добива писмо од мајка му, која го известува дека Мина од Костур му го ограбил дворецот и му ја грабнал жената. Марко бара од царот 30 јаничари, преправени како аргати, и нив ги испраќа во Костур, а тој оди во Света Гора, каде се преправа како калуѓер. Кога пристигнува во дворецот на Мина, тој му кажува дека Марко погинал во војната, а тогаш Мина бара од него да го венча со грабнатата Маркова невеста. Марко го венчава Мина, кој му дава подароци, вклучувајќи ја и Марковата р'ѓосана сабја. Тогаш, Марко почнува да игра, му ја сече главата на Мина, а потоа ги повикува јаничарите да го ограбат дворецот на Мина. Потоа, тој си ги зема невестата и богатството и се враќа во Прилеп.[1]
Наводи
уреди- ↑ Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 180-189.