Маркаваси (Markawasi[1]) или Маркауаси (Marcahuasi[2]) е плато на Андите кое се наоѓа источно од Лима во Перу. Платото се наоѓа на околу 4.000 метри надморска височина, над селото Сан Педро де Каста. Местото е познато по камените фигури кои се распространети низ целото плато и воедно е туристичка атракција во регионот.

Споменикот на човештвото.
Кампери одат кон Маркаваси.
Амфитеатарот.

Опис

уреди

Платото е од вулканско потекло и е долго четири километри на надморска височина од 4.000 метри. Платото се наоѓа источно од Лима, главниот град на Перу, и во него се наоѓаат карпести гранитни формации кои имаат различни форми и облици. Денес постојат повеќе теории за потеклото на карпите. Најзастапена теорија е таа дека тие се создадени по природен пат, преку ерозија. Така, во месноста можат да се сретнат карпи налик на орел, фараон, коњ, јавач, Инка, Маја и познатиот Споменик на човештвото, меѓу останатите.

Наоѓалиштето за првпат е откриено и претставено на перуанската и светската јавност од д-р Даниел Рузо (1900-1991) во 1950-те години. Тој поминал долг период на платото и за него издал книга и публикации. Според Рузо, наоѓалиштето билао создадено од старата цивилизација Мазма. Оваа цивилизација опстојувала пред 10.000 години и имале развиена технологија чии резултати можеле да се видат на различни места во светот како што се Велигденскиот Остров, Романија, Мексико, Франција и Бразил. Оваа теорија не е во согласност со општоприфатената теоријата за настанокот на човекот.

Поради големата изолираност на платото, посетителите носат сè што е потребно за поминување на планираното време во Маркаваси. Сета опрема се носи рачно, со магариња или со коњи од Сан Педро де Каста. Најпознато место на камперите е големата дупка позната како „амфитеатар“.

Форми

уреди

Наоѓалиштето изобилува со поголем број облици, меѓу кои се:

  • споменик на човештвото
  • печурката
  • пророкот
  • сфингите
  • гулабот
  • алхемичарот
  • фоките
  • амфитеатарот
  • тврдината
  • желката
  • божицата Туерис и богот крокодил
  • камилата
  • коњот
  • Мајанецот и Инката

Наводи

уреди
  1. Според кечуанска/ајмарска транскрипција.
  2. Според шпанска транскрипција. На македонски може да се сретне и како Маркахуаси

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди