Марикостинска Клисура

клисура во Петричко, Пиринска Македонија

Марикостинска Клисура (бугарски: Марикостински пролом) — клисура на реката Струма во Петричко, Пиринска Македонија, последната по нејзиното течение во Бугарија. Сместена е меѓу Петричко-светиврачкото Поле на север и малото Марикостинско Поле на југ.[1] Наречена е по селото Марикостиново.

Марикостинска Клисура
Надм. висина80 м
Должина1 км
Геологија
Видклисура
Географија
МестоположбаПетричко, Пиринска Македонија
ЗемјиБугарија
Координати41°25′40″N 23°18′20″E / 41.4278° СГШ; 23.3056° ИГД / 41.4278; 23.3056
РекаСтрума
Карта

Клисурата има епигенетско потекло, со должина од околу 1 км, при надморска висина од 80 м. Всечена е во напречниот Митински Рид, кој претставува источен продолжеток на планината Беласица.

Започнува од устието на реката Струмица во Струма на 85 м.н.в., се насочува на југоисток и завршува во северозападниот крај на Марикостинското Поле на 73 м.н.в. Длабока е 70 – 75 м. Североисточните страни се благи, а југозападните се пострмни.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 307.

Надворешни врски уреди