Мариентал (слободна област)

Мариентал (германски: Mariental) — слободна област во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседната општина Мариентал.

Местоположбата на областа во округот Хелмштет

Областа има површина од 15,81 км2[1] и се граничи на југ со слободната област Хелмштет, на запад со градот Хелмптет и со општините Мариентал и Ренау, на север со општините Грос Твилпштет и Кверенхорст, додека на исток со општината Граслебен во истиот округ. На исток се граничи со округот Берде во сојузната покраина Саксонија-Анхалт. Областа опфаќа и две ексклави западно од општината Мариентал. Поради тоа, општината Мариентал скоро целосно е опкружена од истоимената слободна област.

Слободната област е ненаселена. Од статистички причини се води под бројот 03 1 54 504.[1]

Наводи

уреди