Мануил Панселин
Мануил Панселин (грчки: Μανουήλ Πανσέληνος) ― римски фрескописец и иконописец во доцната Римска Империја. Тој бил активен во Македонија и е најистакнатата личност на палеолошката ренесанса и Македонската сликарска школа, со средиште во вториот град на империјата, Солун.[1]
Мануил Панселин | |
---|---|
Фреска на Исус во престол, од Панселин | |
Роден(а) | доцен 13 век Солун |
Починал(а) | ран 14 век Солун |
Националност | Римјанин |
Познат(а) по | Иконографија и хагиографија |
Правец | Македонска школа |
Историја
уредиМануил Панселин е роден кон крајот на 13 век во Солун. Негови главни дела биле иконографијата и фреските. Неговите дела се наоѓаат во неколку манастири на Света Гора: Ватопеди, Велика Лавра и црквата Протатон во Кариес . Неговото најважно дело е муралното сликарство на црквата Протатон (Успение на Богородица). Негови современици биле Ѓорѓи Калиерг(ис), Михаил Астрапа и Евтихиј Астрапа. Некои историчари веруваат дека Калиерг бил еден од неговите ученици поради сличноста во стиловите на сликање.[2]
Сепак, традицијата да му се припишуваат атонските слики на Панселин датира од 17 век, а дури во 18 век Дионисиј Фурнански тврди дека е роден во Солун и дека некои правила во својата работа ги извел од него. [3] Панселин понекогаш е привремено поистоветуван со Михаил Астрапа или друг член на истото семејство, но без цврсти докази.[3]
Галерија
уреди-
Исус како дете, манастир Протатон, Карија
-
Јован Крстител, манастир Протатон, Карија
-
Исус и Самарјанка, манастир Протатон, Карија
-
Воведение на Богородица, манастир Протатон, Карија
-
Свети Димитрија Солунски, манастир Протатон, Карија
-
Свети Евстатиј, манастир Протатон, Карија
-
Јован Евангелист, манастир Протатон, Карија
-
Свети Меркуриј и Артемиј Антиохиски, манастир Протатон, Карија
-
Свети Теодор Стратилат и Теодор Тирон, манастир Протатон, Карија
-
Исусово воскресение, манастир Протатон, Карија
-
Христово распнување, манастир Протатон, Карија
-
Исус и крстот, манастир Протатон, Карија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Tsigaridas, Euth. N. (2003). Manuel Panselinos from the Holy Church of the Protaton. Атина: Hagioritiki Estia. стр. 5.
- ↑ Alin, Trifa Razvan (март 2011). „MASTER MANUIL PANSELINOS AND THE MACEDONIAN SCHOOL OF PAINTING“ (PDF). European Journal of Science and Theology. 7 (1): 13–23 – преку European Journal of Science and Theology website.
- ↑ 3,0 3,1 Cutler, Anthony (1991). „Panselinos, Manuel“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. стр. 1572. ISBN 0-19-504652-8.