Манастир „Св. Никола Филантропенов“
Свети Никола Филантропенов или Спанов[1] (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Νικολάου Φιλανθρωπηνών) — средновековен манастир на Јанинскиот остров во истоименото езеро, Епир, денешна Грција. Влегува во состав на Јанинската епархија на Цариградската патријаршија.
Свети Никола Филантропенов | |
---|---|
Αγίου Νικολάου Φιλανθρωπηνών | |
Место | Јанинско Езеро, Епир |
Земја | Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1292 |
Управа | |
Епархија | Јанинска |
Манастирот бил основан од членови на семејството Филантропенови, кои се населиле во оваа област по опсадата на Цариград во 1204 г. За ктитор на манастирот се смета Михаил Филантропен, јанински митрополит на крајот на XIII век. Во XVI век бил обновен од игумените Неофит и Јоасаф Филантропени.[2]
Градбата претставува трикорабна базилика со подигнат среден кораб. Фреските во католиконот потекнуваат од XVI век, дела на зографите Франкос Кателанос и браќата Георги и Франкос Контарис.[1][2] На нив се претставени сцени од животот на Исус Христос, Богородица, химната на Акатист, сцени од Стариот Завет, животот на Св. Никола Чудотворец и од други светци, календарот, како и од седумте старогрчки мудреци.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερά Μονή Αγίου Νικολάου Φιλανθρωπηνών“. www.religiousgreece.gr (грчки). Посетено на 8 септември 2024.
- ↑ 2,0 2,1 „Μονή Αγίου Νικολάου των Φιλανθρωπηνών“. epigrepirus.project.uoi.gr (грчки). Πανεπιστήμιο Ιωαννίνων. Посетено на 8 септември 2024.