Манастир „Св. Кирик и Јулита“ - Валовишта

манастир кај Валовишта, Егјеска Македонија

Свети Кирик и Јулита (грчки: Ιερά Μονή Αγίων Κηρύκου και Ιουλίτης) — женски манастир кај градот Валовишта, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Кирик и Јулита
Κηρύκου και Ιουλίτης
Карта
41°14′10″N 23°23′55″E / 41.23611° СГШ; 23.39861° ИГД / 41.23611; 23.39861
МестоВаловишта
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1968
Управа
ЕпархијаВаловишка

Манастирот се наоѓа на рид североисточно од градот. Основан е во 1968 г. од митрополитот Јован Валовишки. Пред да стане валовишки митрополит, Јован служел на островот Самос, каде култот мачениците Кирик и Јулита е мошне присутен, па затоа решил да го воведе и во доверената епархија. Самата манастирска црква е во рамките на манастирот, а однадвор има голема црква, до која стои гробот на митрополитот Јован.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αγίας Τριάδας Λαγκαδά“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]