Манастир „Св. Јован Претеча“ - Гајдарохор

манастир во Гајдарохор, Нигритско

Свети Јован Претеча (грчки: Τιμίου Προδρόμου) — црква и поранешен манастир кај селото Гајдарохор, Нигритско, Егејска Македонија.

Свети Јован Претеча
Τιμίου Προδρόμου
Карта
40°50′21.6″N 23°42′45.0″E / 40.839333° СГШ; 23.712500° ИГД / 40.839333; 23.712500
МестоГајдарохор, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Изградба1843 - 1849
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Манастирот се наоѓа западно од селото и е потчинет на светогорскиот манастир Кутлумуш. Црквата претставува еднокорабен храм, граден од 1843 до 1849 г. според писмените извори. Во ѕидаријата има архитектонски елементи од древномакедонски градби. Внатре е богато украсена со живопис од XIX век. Камбанаријата е изградена во 1864 г.[1]

Во 1994 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/16113/310/10-5-1994 - ΦΕΚ 404/Β/3-6-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-20. Посетено на 30 октомври 2014.