Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Аспровалта

црква и поранешен манастир во Аспровалта, Лагадинско

Свети Ѓорѓи (грчки: Μονή Αγίου Γεωργίου) — црква и поранешен манастир кај гратчето Аспровалта, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Фреска „Оплакувањето на Христа“
Карта
40°44′55″N 23°40′44″E / 40.74861° СГШ; 23.67889° ИГД / 40.74861; 23.67889
МестоАспровалта, Лагадинско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
ЗавршенаΧVII век
Управа
Архијерејско намесништвоАспровалтско
ЕпархијаСерско-нигритска

Манастирот се наоѓа на неколку километри северозападно од Аспровалта. Сместен е високо во Орсова Планина, со поглед на Струмскиот Залив. Од манастирот останала само црквата.

Основањето на манастирот не е посведочено во писмените извори. Сепак, врз основа на архитектонските и живописните особености тој се датира во втората половина на XVI век. Неретко погрешно се поистоветва со метохот „Св. Ѓорѓи“ во околината на Стибан, споменат во указ на царот Михаил VIII од 1259 г. Црквата е во светогорски стил, но нема купола во средишниот дел. Веројатно бил потчинет на манастирот Есфигмен, бидејќи ова подрачје во поствизантиско време било во владение на тој светогорски манастир. Поголемиот дел на живописите во црквата се оштетени. Преживеаните фрески се стилски блиски на делата на зоградот Антониј, кој работел на Света Гора и во западна Егејска Македонија на крајот од XVI век.[1]

Во 1979 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ασπροβάλτα. Μονή Αγίου Γεωργίου στο Κερδύλιο όρος“. Athos Memory in the World. Посетено на 2 април 2013.
  2. „ΥΑ ΥΠΠΕ/Φ34/30042/1103/24-7-1979 - ΦΕΚ 805/Β/18-9-1979“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-14. Посетено на 18 декември 2014.