Манастир Тврдош
Манастир Тврдош се наоѓа недалеку од Требиње во Република Српска. Манастирот е седиште на Захумско-херцеговската и приморска епархија.[1]
Историја
уредиМанастирот Тврдош е изграден на темелите на црква која датирала од 4 век, период кога Србите како народ сè уште не го примиле христијанството за своја религија. Темелите на старата црква може да се видат во манастирот, бидејќи дел од подот на манастирот е во стакло.[2] Манастирот Тврдош е изграден околу 1509 година, а во 1517 година со фрески го насликал дубровчанецот Вице Ловров. Во втората половина од 16 и во 17 век во манастирот живееле херцеговските митрополити. Во 1694 година, Млечаните го урнале манастирот во судир со Турците.
Архитектурата на манастирот
уредиСпоред остатоците на манастирот се гледа дека Тврдош бил подготвен и за одбрана од напад. За таа цел, бил изграден ѕид околу манастирот. Во внатрашноста може да се видат темелите на старата црква, која била базилика со три брода. Денешната црква е изградена во 1928 година благодарение на ктиторот Никола Руњевац. Црквата била осветена во текот на истата година, на денот на Св. Василиј Острошки Чудотворец (12 мај).
Во манастирот Тврдош се подвизувал Свети Василиј Острошки, чудотворец и светец на Српската православна црква.
Литература
уреди- Споменица Епархије захумско-херцеговачке 1918-1928, Издање епархијске управе, Ниш, Штампарија „Св. цар Константин”, 1928, стр. 71 чланак: Обнављање манастира Тврдоша.
- Српска православна црква 1920-1970 Споменица, Издање Светог архијерејског синода, Београд, 1971, стр. 76.
Наводи
уреди- ↑ Епархија захумско-херцеговска: Манастир Тврдош
- ↑ „Туризам на Република Српска: Манастир Тврдош“. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2017-09-13.
Надворешни врски
уреди„Манастир Тврдош“ на Ризницата ? |