Манастир Свети Пантелејмон (Киев)
Манастирот Свети Пантелејмон (украински: Пантелеймонівський собор) е голема православна катедрала во киевската населба Теофанија. Оваа катедрала е на изглед многу слична со катедралата Александар Невски во Талин, и се смета како врвна точка во достигнувањето на руската архитектура.
Манастир Свети Пантелејмон | |
---|---|
Пантелеймонівський собор | |
50°20′41″N 30°29′16.3″E / 50.34472° СГШ; 30.487861° ИГД | |
Место | Киев |
Земја | Украина |
Историја | |
Основана | 1905 |
Архитектура | |
Завршена | 1915 |
Храмот бил изграден во неоруска архитектура од страна на Евгениј Јермаков во периодот од 1905 до 1912 година[1]. Објектот се состои од една голема купола и четири помали. Во текот на 1920-тите, манастирот бил затворен а за време на Втората светска војна бил сериозно оштетен.
Во 1990-тите, црквата била вратена на Украинската православна црква - Московски патријарх.
Наводи
уреди- ↑ „Website of St. Panteleimon's Convent“. Архивирано од изворникот на 2011-05-09. Посетено на 2011-08-27.