Штитоносец

историско занимање

Штитоносец[1][2] или оруженосец[3][4] (англиски: squire, француски: écuyer, германски: Knappe) — историски поим што ја означува втората фаза во војничко образование на млад благородник на патот да стане витез, обично од четиринаесеттат до дваесет и првата година. Овој степен на образование во Западна и Централна Европа во ерата на развиениот феудализам (11-15 век) е еквивалентно на титулата калфа за млади луѓе кои учеле занаети од мајстори во градовите, додека долниот степен паж одговарал на чирак.[б 1] Во Велика Британија, оваа титула и денес се користи[б 2] како титула на нижото земјопоседничко благородништвото (под барони и витези).

Витез и неговиот штитоносец.

Историја

уреди

Како посебен, феудален воен сталеж (латински: milites- војници) во Западна Европа, витештвото се појавило во раниот феудализам, во Франкија, а својот целосен развој го достигнало во 11-13 век. Приемот во витешкиот ред се вршел според посебни правила, по завршувањето на военото образование кај постар благородник или витез, откако кандидатот поминал одреден број години во служба (обично 7 години како паж и уште 7 како штитоносец). Многу ретко, витез можел да стане истакнат воин кој не бил од благородничко потекло.[5]

Веќе од седумгодишна возраст, синовите на благородниците и витезите биле примани во дворската служба или на витез како пажеви. Во замена за службата добивале домување и храна и војничко и судско образование. На 14-годишна возраст, тие станувале штитоносци или оруженосци, а на 21 биле прогласувани за витези.[5]

Белешки

уреди
  1. Користејќи ги модерните изрази (од почечтокот на 21 век), може да се рече дека паж е ученик за витез, а штитоносец - витез-приправник.
  2. На почетокот на 21 век.

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Никола Гажевиќ, Воена енциклопедија (книга 10), Воена издавачка куќа, Белград (1976), стр.517