Мало (Вануату)

(Пренасочено од Малоболеболе)


Мало (бислама: Malo) е остров во Вануату. Мало се наоѓа на околу 3 километри јужно од Еспириту Санто. Административно е дел од покраината Санма.[1][2] Островот има вкупна површина од 180 км2. Должината на островот е 17 километри, ширината е околу 13 километри. Највисока точка е брдото „Мало со околу 326 метри надморска висина. Островот има тропска клима и просечните годишни врнежи на островот се 3000 мм. Често на островот има циклони и земјотреси.

Мало
Тамамбо
Географија
МестоТихи Океан
Координати15°41′S 167°10′E / 15.683° ЈГШ; 167.167° ИГД / -15.683; 167.167
АрхипелагВануату
Површина180 км2
Највисоко место326 м
Држава
Vanuatu
ПокраинаСанма
Демографија
Население4,273 (2009)
Етнички групиВануаќани

Географија

уреди

Како и останатите острови во Вануату, така и Мало е со вулканско потекло. Највисока точка е т.н. Врв Мало со 326 метри надморска висина.[3]

Овој мал остров има и неколку мали островчиња блиску неговиот брег: Асулека, Малоболеболе, Малотина и Малокиликили со Оневуту и Маловелео (и плус неколку карпи). Северно од островот е Еспириту Санто, а јужно е островот Малекула.

Демографија

уреди

Според податоците од 1979 година, островот имал население од 2.312. Според пописот од 1999 година островот имал население 3.532 жители. На пописот од 2009 се покажало дека островот имал население од 4,273.[4] Главно населено место е Авунатари.

На островот има две културни групи, Аутанците кои го населуваат западниот дел на островот и Тинивоанците кои го населуваат источниот дел. Двете групи збориваат на дијалекти на тамамбоанскиот јазик.

Наводи

уреди
  1. „Surrounding Islands“. Espiritu Santo Tourism. Посетено на 17 August 2018.
  2. John Seach. „Malo Island, Vanuatu“. Vanuatu Travel. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2012-02-18.
  3. Siméoni, Patricia (2009). Atlas du Vanouatou. Port-Vila: Éditions Géo-consultre. стр. 31. ISBN 978-2-9533362-0-7.
  4. 2009 National Census of Population and Housing Summary Release, Port Vila, Vanuatu: Vanuatu National Statistics Office, 31 August 2009, Архивирано од изворникот на 2013-12-31, Посетено на 23 February 2012

Надворешни врски

уреди