Малешевскиот (Малешки) народноослободителен одред бил територијална партизанска единица на НОВ и ПОМ. Формиран е во месноста Паруца, кота 1356 на пл. Плачковица и делувал од 25 август до ноември 1944. Одредот е формиран од 50 борци од Малешевијата. Ги напаѓал помалите непријателски упоришта, ги уништувал општинските архиви, ја спречувал реквизицијата (август-септември) и вршел агитација и мобилизација на нови борци. Дел од борците од одредот влегле во составот на Тринаесеттата и Четиринаесеттата НО бригада на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (втората половина на септември).

По формирањето на Командата на подрачјето во Берово и командите на места во Берово и во Пехчево, ја вршел главната безбедносна заштита.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Д-р Миле Михајлов, Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија (1941–1945), Скопје, 1992.
  2. Благоја Алексов, Берово во просторот и во времето. (Хроника). Берово, 2003.