Мала Река (Трговиште)
Мала Река (српски: Мала Река) — село во Општина Трговиште на Пчињскиот Округ, јужна Србија.
Мала Река | |
---|---|
Земја | Србија |
Округ | Пчињски |
Општина | Трговиште |
Население (2011) | |
• Вкупно | 17 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Историја
уредиНа крајот од XIX век Мала Река било село во Прешевската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Мала Река имала 70 жители, сите Македонци христијани.[1][2] Населението било под удар на српската пропаганда, па според митрополитот Фирмилијан во 1902 г. во Мала Река имало 15 патријаршистички куќи кои тој ги нарекува „српски“.[3] По податоци на секреатарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мала Река (Mala-Reka) имало 96 Македонци под патријаршијата, кои пак тој ги нарекува „гркомани“ (поради црковната припадност).[4]
Во 2011 г. селото имало 17 жители, сите Срби.
Население
уреди- 1948: 80
- 1953: 78
- 1961: 71
- 1971: 48
- 1981: 38
- 1991: 31
- 2002: 21
- 2011: 17
Наводи
уреди- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 219. ISBN 954430424X.
- ↑ Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќи под негово водство, 1902 г.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, рр. 144-145.